Фирма од соништата: Кинеската челичарница „Џиангкси“ подари автомобил на секој вработен

Кинеската компанија за производство на челик, „Џиангкси“ ги награди сите свои 4.116 вработени со нов автомобил. Наградата е заради надминување на зацртаната заработка, петта година по ред.

Корпорацијата „Џиангкси“ на своите вработени, неколку недели пред Денот на кинеската државност, им подари вкупно 2.933 возила Форд Територи и 1.183 Фолксваген Маготан. Според кинеските медиуми, фирмата тоа ја чинело 500 милиони јуани (74 милиони долари).

Компанијата соопшти дека ќе плати и за регистрација, петгодишно осигурување на автомобилот, како и данок за него. За сето тоа, кинеската корпорација доби пофалби од своите следачи ширум светот. 

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *