Фитим Бела: Браво момци, се надевам дека шамаров што ни го врзавте барем малку ќе не заболи

Македонските фудбалски репрезентативци, а прв пат во историјата ја одведоа Македонија на Европското првенство во фудбал.

Одличната игра на македонските фудбалери, резултираше со победа над Грузија, но и ја покажа сплотеноста помеѓу играчите. Вчерашната игра на македонските фудбалери, ни одржа не само спортска, туку и неколку други лекции.

А одлична лекција има и Фитим Бела, а во целост ви ја пренесуваме во продолжение:

Ова е еден шамар за Сите тие што не веруваат во соживот, мултиетничност и најважно од се човечност. Да не слушмнам повеќе Албанци, Македонци, Турци, Босанци, Роми, Срби, Власи, Торбеши и останато,сватете дека сме ЛУЃЕ. Ете што значи богатството што го имаме на разни вери и нации да сознаеме и научиме, да се ПОЧИТУВАМЕ едни со други, да си се радуваме на сите празници и да си славиме сите заедно. Да се засладиме со баклавите за бајрам, да се радуваме на вапцаните јајца за велигден, да им тропнеме на врата на католиците за нивниот божиќ и така натаму.

А НИЕ ТОКМУ ОВА НЕ ЗНАЕМЕ ДА ГО УЖИВАМЕ И ИСКОРИСТИМЕ.

-Размислете, што можеме да испуштиме во поклонов наречен живот?

Браво момци, се надевам дека шамаров што ни го врзавте барем малку ќе не заболи.

Фејсбук статус на Фитим Бела 

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *