Фригани: Овие луѓе иако имаат, никогаш не даваат пари за храна, туку јадат она што ќе го фрлат рестораните

Даниел Теј од Сингапур е еден од “фриганите”. Тие го отфрлаат конзумеризмот и од принцип никогаш не даваат пари за храна, туку ја пронаоѓаат во контејнерите во околината на големите супермаркети и познатите ресторани. Исто така, користат и друга отфрлена роба.

Даниел на својот блог пишува за сите намирници и роба која ја собира, а за која не потрошил ниту денар. Најинтересна е неговата приказна за тоа како за година дена потрошил помалку од 500 денари на храна. Ви ја пренесуваме во целост.

-Од првиот ден, мораше да смислам како ќе се снајдам за вода, храна и засолниште. Водата не беше проблем бидејќи Сингапур има многу јавни чешми. Храната беше проблем. Можев да ја земам од контејнер, но би ми требал некои извор на топлина за да ги убијам бактериите од храната, а јас тоа го немав.

-Затоа се посветив на рестораните за брза храна. Го земав сето она што луѓето ќе го оставеа позади себе. Полуизедени хамбургери, пилешки крилца, помфрит, стопен сладолед…Се сеќавам дека еднаш во еден ресторан поминав два часа. Таман да станам да одам, забележував нов послужавник со остатоци од храна. На крај толку се прејадов што ми беше мака. Посетував и перкари и ги земав сите производи кои вработените на крајот од денот ги фрлаа.

-Од само една пекара би зел и до 50 производи. Го чекав официјалното време на затворање и штом вработените ќе го врлеа во ѓубре, јас во истиот момент го вадев. На некои начин, токму јас ги поттикнав пекарите во Сингапур да донесат одлука да на крајот од денот своите производи им ги донираат на луѓето на кои им се потребно, но тоа е сега друга приказна. Покрај тоа, времето го поминував во шопинг центри, лутајќи помеѓу масите на рестораните и чекајќи ги луѓето да станат, а да не го завршиле оброкот. Штом станеа, јас би седнал и би почнал да јадам.

-Моето искуство сега го преточив во докуменатрец за тоа колку храна навистина фрламе. Баш пред некои ден на снимање се решив да се обидам да го направам истото. Шетав во трговскиот центар во потрага за храна, баш како некогаш, и во рок од пет минути налетав на оваа глетка:

-Mоре од практично недопрена храна стоеше на масите. Му пријдов на еден чистач и го прашав зошто се фрла толку многу храна. Ги крена рамениците и одговори:

-Луѓето имаат премногу пари и купуваат повеќе храна отколку што им треба. Потоа ја фрлаат. Кога го прашав дали можам да го изедам тоа, ми рече: “Не, ова јас сакам да го јадам. Ти земи ги пилешките крилца ако сакаш”. И ги земав. Беа 10. Се свртев околу себе и видов море на фрлена храна која е навистина предобра за да биде фрлена.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *