Хирургот на славната актерка и вградил силикони без нејзина согласност и знаење

Актерката Шерон Стоун во својата книга со мемоари тврди дека во текот на реконструктивна операција, после отстранување на бениген тумор, хирургот и ги зголемил гра.дите без нејзино согласување, бидејќи мислел дека подобро ќе изгледа.

“Кога ми ги извадија завоите, открив дека моите гра.ди се за една големина поголеми, кои “подобро стојат со големината на моите колкови”, пренесува Тајмс дел од мемоарите на актерката.

Тоа е само една од работите кои Стоун ги открила за својот живот во книгат The Beauty of Living Twice.

Актерката исто така открила дека таа и нејзината сестра биле возне.мирувани од страна на својот дедо Кларенс Лосон, а во мемоарите дала нови детали за тоа како на изма.ма снимила сцена во трилерот Ниски страсти.

Шерон вели дека ја “наговориле” да го соблече долниот веш за култната сцена со испитувањето во полициска станица, откако и е речено дека ќе “одбива светло” и ја увериле дека ништо нема да може да се види.

Открила дека е изма.мена дури кога била повикана да ја погледне конечната верзија на филмот и тоа “не сама со режисерот како што мислела, туку во соба полна со агенти и адвокати, кои немале никаква директна врска со филмот”.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *