ЦИА откри необичен податок за Северна Кореја и го остави светот во чудо: Како ли живеат овие луѓе?

Според податоците кои денес ги објавила американската ЦИА, само 26 отсто од популацијата во Северна Кореја има пристап до електрична енергија.

Според податоците од истиот извор, пристап до електрична енергија во 25,8 милионската Северна Кореја имаат околу 36 отсто од луѓето кои живеат во градовите и околу 11 отсто од популацијата во провинциите, пренесува Јонхап.

Северна Кореја обезбедува околу 45 отсто од својата електрична енергија во термоелектрани и околу 55 отсто од хидроцентрали, додека од нуклеарни и обновливи енергетски извори не постои производство, додава јужнокорејската агенција.

Светот во чудо се запрашува, како ли во 2021 година, се уште има луѓе кои немаат пристап до електрична енергија и како навистина изгледа животот без она кое ние го земаме здраво за готово?

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *