Цитати за парите кои ќе го променат вашиот поглед на животот

Парите не се се, но имаат огромно влијание на голем број работи во нашите животи, на кариерата или работата. Напорно работиме за плата, но понекогаш немаме време да уживаме во плодовите од нашата работа.

Ако понекогаш сте се чувствувале како да сте во магепсан круг поради трчањето по пари и сте биле навистина уморни, но сепак сте продолжиле бидејќи сакате да ги задржите своите примања, не сте единствени.

Ова се некои од цитатите за пари и богатство кои ќе ве мотивираат и инспирираат:

“Купувајте кога сите останати продаваат и почекајте се додека сите не започнат да купуваат. Тоа не е добар слоган, туку суштина на успешно вложување”. Џон Пол Гети.

“Среќата не се наоѓа во самото поседување на пари, таа лежи во радоста на постигнувањата, во возбудувањето на креативниот напор”. Френклин Д Рузвелт.

“Можете вистински да се остварите само во она што го сакате. Немојте парите да бидат вашата цел. Наместо тоа, работите ги работите кои ги сакате и работете ги толку добро да луѓето не можат да го тргнат погледот од вас”. Маја Анџелоу

“Знајте што поседувате и знајте зошто тоа го поседувате”. Питер Линч.

“Ќе ви откријам тајна како да се збогатите на Вол Стрит. Обидете се да бидете алчни кога сите други се плашат. И обидете се да бидете уплашени кога сите други се алчни”. Ворен Бафет.

“Многу луе мислат дека не се добри кога е во прашање заработувањето пари, но всушност не знаат како да го користат”. Френк А Кларк.

“Добро е да имате пари ир аботи кои парите можат да ги купат, но добро е да, од време на време, проверите дали сте изгубиле работи кои парите не можат да ги купат”. Џорџ Лоример

“Мудрата личност треба да има пари во својата глава, но не во своето срце”. Џонатан Свифт.

“Парите обично се привлекуваат, а не се прогонуваат”. Џин Рон.

“Парите растат на дрвото на упорнсота”. Јапонска поговорка.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *