Четири симптоми кои лесно се занемаруваат, а можат да значат дека имате коpона

Болеста ковид-19 досега се манифестирала на разни начини, а некои од нив се многу слични на сезонските вируси, грипот, настинката, па дури и алергиите. Поради тоа станува изненадувачки тешко да се заклучи дали сте заразени на основа само на симптомите.

Според истражувањето спроведено на Универзитетот Стенфорд, постојат и оние кои лесно се занемаруваат, пренесува Best Life.

“Можно е да не забележуваме значаен број на болни пациенти, имајќи во предвид дека се фокусираме примарно на респираторните симптоми”, изјави Александар Падбој, коавтор на истражувањето.

Кога станува збор за раните симтпоми кои би можеле да укажуваат дека одредена личност е заразена со ковид-19, тој ги издвојува овие:

Болка во стомакот

Личностите заразени со ковид не мора нужно да покажуваат респираторни симптоми, можат да имаат проблеми со варењето пропратено со дијареа и повраќање, но исто така можат да почувствуваат благи болки во подрачјето на абдоменот. Според истражувањето објавено во магазинот Gastroenterology во април, 32% од испитаниците во групата на заболени имале проблеми со желудникот, а поголемиот дел од нив ги опишале како благи.

Збунетост

Успореност, опаѓање на концентрацијата, па дури и привремено губење на памтењето се невролошки последици кои и се препишуваат на болеста ковид-19. Истражувањето објавено во октомври, а кое е спроведено од страна на Northwestern Medicine покажало дека 82% од хоспитализираните пациенти со ковид имале невролошки симптоми.

Инфекција на окото

Надразнетото око би можел да биде уште еден знак дека овој вирус се наоѓа во вашето тело. Истражувањето објавено во JAMA Ophthalmology открило дека состојбите како кемоза и епифора (претерано солзење) е забележано кај 30% од пациентите во една кинеска болница.

Досега се покажало дека и конјуктивитисот може да биде симптом за зараза.

Умор

Иако чувството на умор е еен од оние симптоми кои можете најтешко да ги препознаете и воопшто да ги издвоите како симптом, многу често се јавува кај пациентите заболени од ковид. Според некои истражувања, уморот е дури окарактеризиран како главен симптом.

Доколку уморот е пропратен со губење апетит, болка во мускулите и омалаксаност, многу е веројатно дека се работи за симптом, а не за обичен умор.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *