Чудесен напиток кој ти топи камењата, го намалува холестеролот и го продолжува животот

Според истражувањата, целерот го намалува нивото на холестерол за дури седум пати, доколку се изедат само две стебленца дневно. Целерот помага и во лачењето на жолчната киселина која го отстранува холестеролот од телото.

Сокот од стебленца целер е полн со хранливи материи и е една од најздравите течности за нашиот организам. Погледнете што се може да лечи.

Листовите од целер се богати со витамин А, а стеблото е одличен извор на витамини Б1, Б2, Б6 и Ц и има многу калиум, фолна киселина, калциум, магнезиум, железо, фосфор, натриум и есенцијални аминокиселини. Тука се и растителните хормони и вредните етерични масла кои на целерот му даваат специфичен мирис. Ова масло позитивно делува на нервниот систем.

Интересно е што целерто е богат со натриум кој се разликува од натриумот во кујнската сол. Конкретно, кујнската сол се состои од нерастворено неорганско соединение кое предизвикува проширени вени, оштетување на артериите и други болести. Од друга страна, натриумот во целерот е растворлив во вода, телото може подобро да го искористи, а клетките да останат хидридрани.

Бројни користи од сокот од целер

За целерот е познато дека содржи најмалку осум видови на соединенија кои се делотворни против рак. Истражувањата на Универзитетот во Њу Џерси покажало дека целерот содржи низа состојки кои го спречуваат ширењето на ракот, како што се ацетиленската и фолната киселина. Камуарин е уште една фитохемикалија која спречува штетни ефекти на слободните радикали и со тоа помага да се спречи развојот на ракот на деблото црево и желудникот.

Го намалува холестеролот

Лабораториските истражувања покажале дека бутил-фталид, хемиско соединение од целер, може да помогне во намалување на лошиот холестерол. Според истражувањата на Универзитетот во Чикаго, целерот го намалува нивото на холестерол за дури седум пати, доколку јадете само две стебленца дневно. Целерот исто така помага во лачењето на жолчни киселини кои го отстрануваат холестеролот од телото.

Помош при варење

Посебни хранливи материи од влакната им помагаат на цревата подобро да ја варат храната. Ова целерот го прави природен лакстаив кој помага да се ослбодите од затворот.

Диуретик

Калиумот и натриум во сокот од целер се моќни регулатори кои го стимулираат излачувањето на урина и помагаат да се ослбодоите од вишокот на течности во телото.

Намалување на крвниот притисок

Целерот помага во намалување на високиот крвен притисок. Истражувањата покажуваат дека конзумирањето на сок од целерт во текот на седум дена може значајно да помогне во намалување на крвниот притисок. Соединенијата под името фталиди помагаат да се опуштат мускулите околу крвните садови, да се прошират крвните садови и на тој начин да се овозможи полесен проток на крвта.

Фталидите го намалуваат нивото на хормонот стрес, кој, помеѓу останатото, предизвикуа стеснување на крвните садови. Можеби звучи неверојатно, но целерот не влијае на дополнително спуштање на веќе нискиот притисок.

Несоница

Минералите и етеричните масла во сокот од целер имаат смирувачко дејство на нервниот систем, што е корисно за оние кои патат од несоница. Високото ниво на магнезиум ќе ви помогне да се опуштите и да потонете во мирен сон.

Губење на тежина

Конзумирањето на сокот од целер во текот на денот помага во сузбивање на желбата за слатки.

Елиминација и спречување на појавата камен во жолчката и бубрезите

Сокот од целер ефикасно ги отстранува токсините од организмот и на тој начин помага во разбивањето на каменот во жолчката и во бубрезите.

Рецепт за сок од целер

Состојки: 3 стебленца целер, 3 јаболки, 1 брокули, половина лимон.

Подготовка: Добро измијте го овошјето и зеленчукот. Не ги отстранувајте листовите од стебленцето целер. Излупете ги јаболката.

Отстранете ја кората од лимонот. Отстранувањето на кората на лимонот не е задолжителна, но имајте на ум дека кората од лимон ќе го направи сокот погорчлив. Ставете ги сите состојки во соковник и соединетите ги. Уживајте во здравиот и освежувачки напиток.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *