Чудотворен лек од шума: Ова растение го нарекуваат отстранувач на oтpови, еве и зошто

Крајот на март и април се месеци на мечкиниот или див лук, кој уште се нарекува и отстранувач на отрови. Имено, ниту едно растение не го чисти толку добро системот за варење и крвта како дивиот лук, поради што треба почесто да се јаде. Во пролет е најефикасен, претставува совршен чистач на крвта, жолчката и црниот дроб од токсини кои во текот на зимата се наталожиле во организмот.

Има неверојатно силно дејство на цревните паразити и ги спречува инфекциските воспаленија на слузокожата на цревата. Го намалува високиот крвен притисок, спречува појава на атеросклероза, односно поволно делува на целиот кардиоваскуларен систем.

Со помош на дивиот лук, можно е да ја отстраните главоболката и несоницата, како и да се олесни дишењето кај бронхитис. Делува антибактериски, а помага и раните побрзо да зараснат.

Сремушот или дивиот лук, го лечи лошиот холестерол и високиот притисок. Листовите од дивиот лук, додека се уште се плади, поради присуството на благотворени минерали, се препорачуваат за личности кои патат од високо ниво на холестерол и триглицериди во крвта, и од висок крвен притисок. Ова растение поволно делува на артериите и може да спречи атеросклероза.

Ова растение ги решава воспаленијата и инфекциите. Конзумирањето на свеж див лук, благотворно делува и на паразитите во цревата, ги штити цревата од иритација, а исто така го штити организмот од настинки и грип. Помага во лечење на бронхитис, бидејќи ги прочистува дишните патишта, го олеснува дишењето и ја намалува кашлицата.

Дивиот лук е добар за чир на желудникот и гастритис. Конзумирањето на див лук им се препорачува на лица кои имаат проблеми со желудникот. Делува смирувачки на иритиран желудник и на болки кои ги предизвикува чирот.

Ефикасен е и за проблеми со срцето. Ова растение има способност да ги шири крвните садови, поточно да ги направи поеластично, што позитивно влијае на функционирањето на срцето. Спречува инфаркт, бидејќи го штити срцето, така што го зајакнува и подмладува срцевото мускулно ткиво.

Сремушот или дивиот лук е одличен и за кожата. Во облик на купка, сремушот е идеален за сите оние кои патат од проблематична кожа, воспалителни процеси на кожата, иритираност на кожата, екцем и дерматитис.

Сремушот е чистач на организмот. Лековитите својства на сремушот се ефикасни и за прочистување на организмот од токсини. Поточно, сремушот го чисти црниот дроб, бубрезите, цревата и жолчната кеса.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *