Чудо невидено: Близнаци раздвоени од раѓање, а 39 години воделе идентичен живот (ВИДЕО)

Се им било заедничко, иако никогаш порано не се виделе.

Далечната 1940. година, една мајка на свет донела двајца браќа. Тие веднаш после раѓањето биле раздвоени, бидејќи жената не била во состојба да се грижи за нив.

Уште тука започнува серијата на неверојатни случајности помеѓу двајцата браќа, серија која покажува дека кај близнаците никогаш ништо не е случајно во животот. Новите семејства кои ги посвоиле, на двете деца им го дале името Џејмс, а прекарот на двајцата бил Џим.

Семејствата биле на оддалеченост од 60 километри. Знаеле дека нивниот нов син има близнак но не биле во можност да ги посвојат двајцата. Помеѓу себе, семејствата не се познавале.

Внимавајте на ова. Двајцата браќа имале домашни миленичиња, се нарекувале Тој. Двајцата во училиште обожавале математика и обработка на дрво, но послабо стоеле со граматика и англиски јазик.

Подоцна двајцата браќа Џејмс по два пати се женеле и за двајцата првата жена се викала Линда, а во вториот брак и двајцата браќа имале сопруги по име Бети. И Џим Луис и Џим Спрингер им дале на своите синови идентични имиња – Џејмс Алан.

И едниот и другиот Џим биле пушачи, возеле ист Шевролет и имале слични работи – Џим Луис бил обезбедување, додека Спрингер бил заменик шериф.

Дури и летувале во исто место на Флорида, што баш и не е блиску до Охајо. Ниту еден од нив не знаел ништо за својот брат, се додека Луис на 37 години не одлучил да се обиде да стапи во контакт со Спрингер.

Во 1977 година успеал да пронајде податоци преку судот во Охајо. Потоа разоварале преку телефон и на крај се виделе на 9. февруари 1979 година.

Кога се дознало за овој фасцинантен случај, научниците увиделе колку би можеле да бидат важни за проучување на близнаците кои повторно се среќаваат откако биле раздвоени.

Тие потоа биле дел од истражување на Универзитетот во Минсота кое открило дека нивната историја на болести и тестови на мозочни бранови се речиси идентични. Такви биле и нивните резултати во тестот за личноста.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *