Чудо пред пекара? Верниците се молат оваа светица да ги заштити од коpoна

Флека на ѕид во Богота ги намами верниците.

Флека од вода во облик на Дева Марија привлече огромен број луѓе во Колумбија додека верниците се молат за заштита од коpoна.

Флека на паркинг пред пекара во Богота за прв пат го забележал чуварот на пекара, додека правел обиколка, пишува Дејли Мејл.

Од тогаш, малку познатата пекара станала дестинација за верниците, за луѓето желни да ја видат силуетата. Цвеќиња, свеќи и ламби го красат просторот, покрај статуата на Богородица која седи на имрповизиран олтар.

“Секој ден овде доаѓаат помеѓу 50 и 60 луѓе. Пред да купат нешто, го посетуваат ѕидот и се молат, и тоа на некој начин е навистина важно за сите нив, но и за нас”, изјавила вработена во пекарата Лорена за колумбискиот весник Нотичентро.

Додала дека многумина во побожната католичка земја веруваат дека чудесната фигура не е нешто што случајно го создала влагата, како што многумина рекоа.

Лорена изјавила дека “водата не можела да протече” и ги отфрлила тврдењата дека станува збор за оштетување на ѕидот, додавајќи дека тоа е “чудесна слика”.

Таа изјавила дека верува дека Дева Марија ја штити пекарата бидејќи никој од работниците досега не заболел од коpона.

“Тоа е токму она за што повеќето луѓе се молат”, изјавила таа, додавајќи дека многу верници се молат за заштита.

Порталот Инфобае известил дека откритието во пекарата дошло само неколку дена откако колумбиската актерка Каролина Сабино споделила фотографија од она за кое верувала дека е Марија од Гвадалупе – светата заштитничка на Америка – во десерт од јагода кој го направила.

Католиците ширум светот ја почитуваат Дева Марија, вклучувајќи ја и Колумбија, каде што повеќе од 80% од луѓето се идентификувале како католици, според американскиот извештај од 2014 година.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *