Шакира направи голема грешка, нема да препознаете како изгледа сега (ФОТО)

Многу светски ѕвезди во текот на првио локдаун во 2020. година одлучија да експериментираат со розеви тонови на косата.

Пејачките Тејлор Свифт, Карди Би, моделот Никол Потуралски и Каја Гербер, актерката Ел Фанинг како и ријалити ѕвездата Кајли Џенер се само некои од познатите имиња кои цела должина или пак, само врвовите на косата во тој период одлучија да ја обојат во пастелна нијанса на розево.

Пребарувањата на интернет за розева коса пораснаа во минатата година за неверојатни 900 отсто. Причината, веројатно се крие во тоа што розевата боја е симбол на ведрина, која во тешките денови на локдаунот на сите ни е едноставно премногу потребна.

На овој тренд не одолеа ниту колумбиската поп пејачка и кантавторка Шакира, која дома се обиде да ја обои својата бујна коса во розево, но изгледа дека резултатот на нејзината работа не успеа во целост.

Во краткото видео и фотографии кои ги објави на социјалната мрежа Инстаграм објасни дека посакала посилна нијанса на розева, но нејзината коса на крај, испаднала со црвена боја. Иако згрешила, следачите ја опсипаа со комплименти.

Погледнете ја фотографијата во продолжение и дознајте како всушност изгледа Шакира со розева коса:

Како ви се допаѓа?

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *