Швајцарски научник: На оние кои не веруваат во коpона, да им се забрани лечење во болница

Оној кој не верува во коpона, да му се одземе правото да се лечи на интензивна? Познатиот швајцарски научник предизвика бура реакции на јавноста.

Швајцарскиот здравствен експерт Вили Ожије предлага драстична мерка во случај на потреба за воведување на тријажа на интензивна нега.

Во интервјуто за дневникот “Tagesancajger”, Ожије, кои советува бројни швајцарски болници, предложи на лицата кои не ги почитуваат мерките да им се одземе правото на “акутен смештај или место на интензивна нега”.

“Оној кој ќе добие приајва поради непочитување на социјалната дистанца или правилата на хигиена, бидејќи тоа намерно не сака да го почитува, би требало и да одговара за своите дела. Предлагам, таквите лица да се внесат во база на податоци, и доколку дојде до преоптовареност на здравствениот систем, да неи м се даде кревет на интензивна нега”, изјавил тој.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *