Што ги чека луѓето до 2040 година? Извештај на американските тајни служби, не открива добри вести

Луѓето во наредните децении мака ќе мачат со ковид, глад и немири.

Болести, јаз помеѓу богатите и сиромашните, климатски промени и политички несогласувања, ќе претставуваат голем предизвик во наредните децении, покажал извештајот на САД кој го направила американските разузнавачки служби. Во него се наведува дека пандемијата веќе довела до влошување на некои од постоечките проблеми.

Сопарништвото помеѓу Кина и коалицијата на западни земји, предводена од Соединетите Американски Држави, веројатно ќе се интензивира и ќе биде поттикнато со промена на моќ, демографски шанси, технологија и зацврстување на поделбата во поглед на моделот на управување, се истакнува во изветајот на Глобални трендови, кој го издал Националниот разузнавачки совет.

Регионалните сили и недржавните актери би можеле да имаат големо влијание, а веројатни последици од тоа се нестабилни геополитички средини кои се повеќе склони на проблеми и ослабена меѓународна соработка, се оценува во извештајот. Извештајот на водечките американските разузнавачки аналитичари, кои се објавува секои четири години, ги проценува политичките, економските, социјалните и другите трендови кои веројатно ќе ја обликуваат националната безбедност во наредните 20 години.

-Нашата намера е да помогнеме на оние кои ја утврдуаат политиката и граѓаните да се подготват за низа можни ситуации во иднина, напишале авторите, наведувајќи дека не изнесуваат специфични предвидувања и дека во извештајот го опфатиле мислењето на различни групи – од американски студенти до африкански активисти за граѓански права.

Пандемијата како најголем предизвикувач

-Предизвици како што се климатските промени, болести, финансиски кризи и технолошки пореметувања, веројатно ќе се појавуваат се почесто и поинтензивно во речиси сите региони и земји, што ќе доведе до распострането преоптеретување на државите и општествата, како и изненадувања кои би можеле да биде прилично лоши – се наведува во извештајот.

Се додава дека пандемијата, која однесе повеќе од три милиони животи, претставува најголемиот глобален проблем уште од Втората светска војна, со последици кои ќе траат со години. Ковид-19, како што се наведува, покажал, а понекогаш и ги продлабочил, разликите во здравствената заштита, довел до раст на национални долгови, ја забрзал националната и политичката поделба, ја продлабочил нееднаквоста, го поттикнал недовербата во владата и нагласил неуспех на меѓународната соработка. Исто така, ковид-19 ги успорува, но и пренасочува, напредокот против сиормаштија, болести и родова нееднаквост.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *