Ѕирнете во бункерот кој треба да ја заштити елитата во случај на крај на светот (ФОТО)

Она што 2020 година ни го покажа, е дека не е лоша идеја за секој случај да имаме бункер во кој би можеле да се засолниме во случај на “крај на светот”.

Интересно е, што овие бункери кои биле многу популарни во минатиот век, поради турбулентните и напнати односи помеѓу одредени држави и блокови, и ден денес се популарни.

Се работи за бункер северно од Вичита во Канзас, вреден 4.5 милиони долари. Според проценките и опремата на бункерот, во него можат да живеа 75 луѓе цели 5 години, без никаков надворешен контакт.

И навистина би живееле во вистински луксуз. Бункерот има се што ви е потребно, од општа продавница, до библиотека и болница.

Бункерот се наоѓа 15 ката под земја и може да издржи нyклеарна екcплозија. Бункерот е опремен со апартмани и во него има доволно опрема и ресурси да живеат 12 фамилии, цели 5 години.

Бункерот има свои извори на електрична енергија, кино сали, најсовремена технологија, удобност како и секој нормален дом, лифтови, но и командна просторија од каде што може да се управува и да се надгледува целиот објект.

Како целиот тој луксуз да не бил доволен, во бункерот се наоѓаат и неколку рекреативни зони, теретана, базен, сауна, стрелиште, сопствена фарма, посебна просторија за кучиња, гејминг простории, канцеларија, сала за состаноци и многу друго.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *