Ѕирнете во внатрешноста на бункерот кој требало да ја заштити елитата на Југославија (ФОТО)

Во близина на Сараево, на длабочина од 270 метри, направен е таен бункер во кој, во случај на опасност би можеле да живеат 350 луѓе. Или, кремот на Југославија.

Овој бункер е изграден за време на поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито и неговите соработници во близина на босанскиот град Коњиќ.

Замислено е ова да биде засолниште и оперативен штаб за Тито, како и воениот и политичкиот врв во случај на нуклеарна воjна.

Направен е на длабочина од 270 метри и површина од 6.500 квадратни метри, а завршен е во далечната 1979. година, само една година пред смртта на Тито, а 26 години откако започнал да се гради и опремува.

Според извештаите, подземната зграда е осмислена за живот и работа на 350 луѓе кои овде би можеле да престојуваат најмалку половина година без повраток на површина.

Станува збор за најголемото засолниште од тој вид во поранешна Југославија, а би можело да издржи атомска екпслозија од 24 килотони. Ова издание од пред пет години стана и отворено за јавноста.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *