Јадел 5 хамбургери дневно и пиел по 20 лименки сокови: Денес, нема да го препознаете овој манекен (ФОТО)

Колку бил безволен и депресивен, толку денес е полн со енергија.

Дејвид Роден од Мичиген имал само 15 години кога веќе достигнал до 150 килограми. Од само нему познати причини, за се што лошо доживеал во животот, утехата ја наоѓал во газираните пијалоци и брзата храна.

Дневно јадел по 5 хабругери, а денот не можел да го помине без најмалку 15, понекогаш и 20 лименки сокови.
На 18 години имал 200 килограми и живеел од сокови и брза храна.

“Кога не би испил нешто газирано, во рок од 15-20 минути би станал многу нервозен и чувствителен. Бев свесен што ми се случува, но немав овлја и сила да се откажам од тоа”, признава Дејвид.

Животот на ова момче се променил кога започнал секојдневно да има аритмија и огромен притисок. Еднаш останал во болница неколку дена бидејќи никако не можело да му се мири организмот од многу кофеин и масти во телото.

“Тогаш пресеков. Ги фрлив сите лименки од домот, дури и оние кои ги сокрив од себе. Започнав да вежбам, да шетам и најдобро ми тргна кога започнав да веслам. Малку по малку, мастите се стопија. После година дена симнав 55 килограми, а потоа уште 25. Се подобро сум”, вели Дејвид чија трансформација може да ја видите во продолжение.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *