Јадете премногу месо? Во ризик сте да заболите од овие болести

Новото истражување покажало дека оние кои редовно конзумираат месо имаат поголем ризик од заболување од низа болести.

Истражувањето објавено во BMC Medicine, оди понатаму од претходни истражувања кои се поврзувале со конзумирање на црвено и непреработено месо со болести како рак на цревата.

Истражувањето спроведено на жителите ја проучувало врската помеѓу конзумирањето месо и 25 вообичаени, неканцерогени болести како дијабетис, болести на срцето, пореметување на зглобовите и воспаление на белите дробови.

Истражувачите од Универзитетот во Оксфорд следеле речиси 475.000 возрасни лица во Велика Британија кои се примени во болница поради 25 вообичаени болести. Учесниците за околу осум години исполниле најмалку три истражувања за конзумирање на месо.

Учесниците се сметани за редовни конзумирачи на месо доколку јаделе месо три пати неделно или повеќе.

Оние кои редовно јаделе месо воглавно биле пензионери, белци, Европејци, или жени во менопауза, и поголема е веројатноста да имаат поголем индекс на телесна маса, да пушат и конзумираат алкохол, помалку да конзумираат овошје и зеленчук, влакна, риба, а повеќе месо од живина, покажува истражувањето.

Со овие “штетни здравствени однесувања”, истражувањето открило дека оние кои редовно конзумираат непреработено црвено месо и преработено месо имаат поголем ризик од исхемиски болести на срцето, воспаление на белите дробови, дивертикуларни болести на дебелото црево, полип на дебелото црево и дијабетис.

Авторите посебно утврдиле дека секои дополнителни 70 грама внес на црвено и преработено месо дневно е поврзано со 15 отсто зголемен ризик од схемиски болести на срцето и 30 отсто зголемен ризик од дијабетис.

Истражувањето открило дека поголемиот внес на месо од живина е поврзан со поголемите ризици од гастроезофагеални рефлуксни болести, гастритис и дуоденитис, дивертикуларни болести, болести на жолчното кесе и дијабетис.

Авторите изјавиле дека кај лицата кои редовно јадат месо, зголемен е ризикот од поголем индекс на телесна маса.

Меѓутоа, поголемата потрошувачка на непреработено црвено месо го намалило ризикот од настанување на анемија предизвикана од недостаток на железо, како и поголемата потрошувачка на месо од живина.

Керен Папиер, водечки автор на истражување, изјавил: “Одамна знаеме дека конзумирањето на непреработено црвено месо и преработено месо веројатно ќе делува канцерогено и ова истражување е прво кое открива ризик од 25 неканцерогени здравствени состојби во однос на внесот на месо во едно истражување. Потребни се дополнителни истражувања за да се процени дали се разликува во ризикот кој што сме го забележиле во однос на внесот на месо, и во која мерка овие болести би можеле да се спречат со намалување на потрошувачката на месо”.

Меѓутоа, врската помеѓу конзумирање месо и намален ризик од анемија предизвикана со недостаток на железо укажува на тоа дека лицата кои не јадат месо “мораат да водат сметка да внесуваат доволно железо низ диететски производи или суплементи”, додала таа.

На пример, “еден добар начин да се подобри апсорбцијата на железо во растителната исхрана (на пример леќа) е комбинација на оваа храна со добар извор на витамин Ц (на пример пиперка)”, изјавила таа.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *