Јапонците никогаш не пијат вода со овие оброци, еве и зошто

Доколку заминете во ресторан во некоја од западните земји, големи се шансите дека ќе добиете голема чаша вода со мраз и парчиња лимон, но во Јапонија можеби ќе добиете само мала чаша со вода. Или можеби нема да го добиете ниту тоа.

Јапонците веруваат дека водата му пречи на системот за варење, што на вашето тело му го отежнува варењето на оброците. Иако одржувањето на правилната идратација е пресудна за вашето целокупно здравје, пиењето вода во текот на оброкот може да има повеќе штета отколку корист.

Брајт Сајд одлучи да провери зошто Јапонците, кои се една од најздравите нации на светот, не пијат вода додека јадат.

Сува уста

Колку контрадикторно и да звучи, чашата со вода со оброкот може да ја исуши плунката. Некои луѓе обожаваат да додадат парче имон во водата, што го прави киселкаст напиток кој може да влијае на лачење на плунката. Имено, сувоста во устите може да доведе до некои непријатни симптоми, вклучувајќи лош здив. Водата со лимон исто така може да влоши одредени здравствени состојби, како рефлуксна киселина, и може да ја оштети глеѓта на забите.

Може да му наштети на системот за варење

Кога со оброкот пиете вода, вашата плунка се разредува. Тоа пак влијае на ослободување на желудечни соскови кои се одговорни за варењето на храната. Како резултат на тоа, вашиот желудник добива послаби сигнали за разградување на храната, што може да доведе до надуеност.

Ја успорува апсорбцијата на хранливи состојки

Бидејќи пиењето вода во текот на оброкот ги разредува желудечните сокови, тоа влијае на природното ниво на киселост на вашиот желудник. Исто така, тоа негативно влијае на вашиот систем за варење и предизвикува вашето тело да апсорбира помалку витамини и хранливи состојки.

Може да предизвика горчлина

Пиењето вода со оброците додава на волуменот на желудникот и го зголемува притисокот на него, слично како што тоа би го направило обилен оброк. Тоа пак може да влоши одредени здравствени состојби и да го зголеми ризикот од рефлуксна киселина.

Имајќи во предвид дека пиењето вода во текот на оброкот предизвикува вашето тело да лаче помалку ензими за варење, тоа може да доведе до ланчена реакција на нуспојави.

Може да предизвика дебелеење

Пиењето вода додека јадете исто така може да предизвика вишок килограми. Кога вашето тело не може доволно добро да ја свари храната, таа ја претвора во масти, поради што вие нагло ги зголемувате вашите килограми. Исто така, може да предизвика вашето тело да ослободува повеќе инсулин во крвта, што ги зголемува шансите за складирање на маснотии во телото.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *