Јасни знаци: Вака се однесува маж кој повеќе не ве сака

Колку и да сакаат да не е така, еден ден може да дојде до крахот на врската или бракот, а луѓето затечени и ќе се прашуваат како порано не ги забележиле овие проблеми.

Сепак, дали навистина крајот дошол изненадно или предолго сте ги игнорирале јасните знаци кои ви откривале дека нему повеќе едноставно не му е дојдено до вас.

Немојте да останувате во врска со такви мажи. Пронајдете некој на кој му значите и вие и вашата љубов. Ова се неколку знаци дека партнерот повеќе не е сака и дека е време да ја завршите врската или бракот.

Не ви покажува љубов и внимание

Повеќе не поминува доста време со вас, не ви зборува колку сте му важни. Повеќе не ви покажува нежност, ве избегнува и се чувствува непријатно кога вие му поклонувате нежност.

Мисли на други девојки

Иако би требао вие да му бидете постојано во мислите, тој ќе ја сврти својата глава за некоја друга. Повеќе не се труди да ве импресионира вас, туку другите девојки. Запрашајте се.

Повеќе не разговарате како порано

Комуникацијата е клуч за успешна врска. Доколку не разговарате и се оддалечувате еден од друг, тоа е проблем. Обидете се со нормален разговор да го решите проблемот, а не со расправии.

Секогаш ве обвинува вас

Наесто да признае што не му одговара и да се обиде да го реши проблемот, тој нема да ја признае грешката, туку попрво ќе ве обвини вас. Така му е полесно.

Не ве поддржува

Наместо да биде тука со вас, тој ве остава сами да се носите со некои работи, иако проблемот е понекогаш преголем за вас.

Наоѓа изговори само за да не биде со вас

Секогаш е презафатен, секогаш има многу работа. Доколку сте му важни, ќе пронајде барем момент за вас во сите тие обврски.

Неговите планови не ве вклучуваат вас

Повеќе не планира ништо со вас и се чувствувате отфрлено. Пријателите и колегите му се многу поважни, заминува со нив во излегување, а вас не ве ни повикува. Ова е голем аларм.

Не покажува почит

Секој маж треба да ја почитува жената со која е во врска. Секако, важи и обратното. Но, што да правите доколку сте со некој кои не ви покажува никаква почит? Едноставно е, заминете.

Не сака да објаснува

Наместо да ви објасни некои работи, ќе се прави дека тоа вас не треба да ве интересира. Не смее да ви каже што навистина мисли.

Се чувствувате јадно

Во врската треба да бидете среќни, сакани, а не да се чувствувате јадно и понижено. Не си го дозволувајте ова.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *