“Јас сум Македонец, ниту грк, ниту бугарин” интервју на Никола Карев за грчки весник

“Јас сум Македонец, ниту грк, ниту бугарин”, изјавил Никола Карев за грчкиот весник “Акрополис” на 8. мај 1903. година.

Никола Јанакиев Карев (Крушево, 23 ноември 1877 – с. Рајчани, Кочанско, 27 април 1905) — македонски социјалист, револуционер, национален херој,учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација, претседател на Крушевската република. На 27 април 1905 , во нерамна борба со турскиот аскер, кај месноста Свиланово, загинал Никола Карев, заедно со повеќе борци од неговата чета.

Посмртните останки на Карев, во 1953 година, по повод одбележувањето на 50-годишнината од Илинденското востание, биле пренесени во Крушево. Споменикот на Никола Карев на Гумења во Крушево откриен на 2 август 1953 г. дело на вајарот Јордан ГрабуловНикола Карев со крушевски учители и ученици снимени во крушевската корија во 1900 г.На 11 април 1990 г. пренесени во споменикот ,,Македониум,,.

Вечна му слава!

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *