Ја одбиле на работа со неверојатен одговор, па плачела цела вечер: “Да, вакви луѓе навистина постојат”

Не можела да дојде на себе кога прочитала што пишувала во повратниот мејл од компанијата.

Млада пистаелка под името Киран на социјалната мрежа Твитер објавила одговор кој го добила од една фирма кај која аплицирала за работа.

Киран била целосно изненадена од содржината на одговорот, до таа мерка, како што вели, плачела после читањето, бидејќи писателот со неколку збора и ја покажал својата огромна љубезност и верба.

“Никој не се сеќава на одбивањето за работа и причината која ја добиле поради што не се идеални кандидати. Јас ќе покажам на овој пример дека има причина зошто засекогаш ќе го паметам овој мејл”, напишала Киран.

Во мејлот го пишувало следново:

“Битлси биле одбиени од шефот во Deca Recors верувајќи дека тие немаат никаква иднина. Се прашуваме како тој човек се чувствува денес. После првите помали улоги на филм, на Харисон Форд продуцентот му рекол дека за него нема иднина. Мајкл Џордан бил исфрлен од средношколскиот кошаркарски тим. Лејди Гага била откачена од продукциската куќа Island Def Jam после само три месеци. После првиот настап, менаџерот Џими Дени го отпушил Елвис Присли. Нека ова наше одбивање биде само мал чекор кон оној големиот кој ќе биде на пат кон вашиот успех”, пишувало во мејлот.

Повеќе од илјада твитерџии го споделиле овој интересен мејл, а многумина биле воодушевени со одговорот кој го добила Киран, иако, не ја добила работата.

“Мене ова би ме мотивирало да одам понатаму”, “Многу убав одговор, не треба да се биде тажен после него”, “Овие се големи фаци, зарем не”, пишувале луѓето.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *