Ја предвидел коpоната и ваkцините: Познатиот пророк се огласи после 6 месеци, и објави нови предвидувања

Предупредувањето е испратено на време.

Кон средината на 2019 година, водечкиот британски визионер и медиум Крег Хамилтон-Паркер го предупредил народот на нешто кое има шанса да го покори светот.

Тогаш изјавил дека му се гледа како повеќе од половина милијарди луѓе на планетата ќе yмpат од некоја зараза, но не можел јасно да дефинира за што се работи. Само дека ќе стигне од Азија.

Минатата година, Хамилтон Паркер морал да го изгаси својот телефон и профил на социјалните мрежи бидејќи го контактирале луѓе од целиот свет. Тој ја предвидел појавата на ковид-19.

“Ова ќе биде најголемата масовна инфекција на човечки организми уште од Шпанскиот грип. Се плашам дека многу сакани ќе изгубиме додека не се пронајде ваkцина. За тоа што ќе биде после, не смеам да кажам сега” зборувал во јуни 2020 година Хамилтон Паркер за британските медиуми.

Сега после повеќемесечна тишина и следење на настаните во светот повторно се огласил. Го потврдил она што го рекол во 2020 година – дека човештвото ќе одолее и дека ваkцините ќе пристигнат до луѓето побрзо од очекуваното.

“Цела 2021 година ќе протече во имунизација. Светот ќе го победи ковид-19. Ќе му застане на патот, луѓето повторно ќе се гушкаат, бакнуваат и дружат. Додуша, се уште ќе носат маски. Имунизацијата ќе им даде многу прифилегии, а оние кои нема да го сторат тоа се уште ќе седат во своите четири ѕида.

Нормализација во Европа гледам до крајот на летото. Она што никако не ми се допаѓа е што за 2022 година гледам нова појава на вирус во Кина. Да, повторно во прашање е Кина. Овој пат гледам дека човекот ќе биде подготвен и ќе има одличен одговор на новиот вирус. Тој нема да се рашири, но многумина ќе плачат и поради него. Нема да има врска со коpонавирус типот на вируси, ова ќе биде нешто друго, но исто така масовно” вели Хамилтон Паркер.

Влијателниот визионер нагласува дека човечкиот род после новиот вирус во 2022 година ќе биде многу лут.

“На светот ќе му биде мака од вирусите. Гледам побуни, гледам многу горчина и бес. Но не гледам дека до 2048 година ќе биде откриено вистинското потекло и на овој и на новиот кој ќе се појави. Ќе постои некоја блокада на информациите. Дури во 2048 година, на човештвото ќе му биде јасно како да се избори со сите вируси. Ќе постои лекови за се”, вели Крег Хамилтон Паркер.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *