Љубовта не познава граници: Згодна манекенка открива како се заљубила во 28 години постар маж кој е висок 147 центиметри

“Тој не ми е спонзор, ние сме сродни души”.

Љубовта делува на мистериозен начин, таа е најкомплицираното нешто на светот и секогаш бара многу големо разбирање. Но што ќе помислите кога ќе ви кажат дека 20-годишната манекенка е во врска со многу постар но и понизок маж од неа, а само затоа што е богат ѝ плаќа многу работи.

Ние не сакаме да судиме, па затоа само ќе ви ја претставиме оваа необична приказна на Сара Руси која тврди дека отако го запознала нејзиниот љубен Мејсон веднаш почувствувала поврзаност со него поради неговата атрактивна личност и дека таа нема никаков проблем со неговиот изглед и висина која изнесува 147 цантиметри.

Овој среќен, заљубен пар тврди дека им требало многу време за да се навикнат на туѓите погледи кога тие се појавуваат во јавноста.

Сè започнало преку допишување на Фејсбук, а после тоа Мејсон и Сара се запознале во живо. Набрзо почнале да се забавуваат, а сега се заедно 7 месеци.

Двајцата веруваат дека заедничките интереси и забавни разговори помогнале во нивното брзо поврзување.

„Кога ќе запознаете некој и со него разговарате три часа без некаков напор или прекин, непријатни моменти или паузи, тоа е невообичаено, а мислам дека и таа го почувствува истото“ – објаснува Мејсон.

А со него се согласува и Сара. И покрај тоа што овој пар мисли дека се совршени еден за друг, сепак во текот на нивната врска тие поминуваат преку грубите коментари од луѓето.

 

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *