Љубов или панаѓур : Пензионерка ќе се мажи за 35-годишен Египќанец

81-годишната Ирис Џоунс од Британија неодамна му кажала „да“ на Египќанецот Мухамед Ахмед кој има 35 години. Таа бракот со 46 години помладиот Египќанец го најавила во националните медиуми, каде првпат проговорела за нивната врска. Тогаш без цензура зборувала и за нивната интима во кревет и со тоа ја оставила нацијата без текст.

Ставот на нејзините блиски, а и на целата нација е дека Мухамед кај Ирис бара само пари и државјанство, што тој остро негира.

„Не сакам ниту државјанство, ниту пари/ Мене ми е сосема во ред вака и се снаоѓам со тоа што го имам, фала му на Бога“, рекол Египќанецот.

 

Ирит од друга страна пак, одлучила да гостува во најгледаните телевизиски емисии за да му објасни на целиот свет за што станува збор.

-Кога првпат отидов во Египет да го запознаам, се чувсвував како повторно да сум девица. 35 години пред него никој не ми пришол на таков начин – рекла таа.

Ирис и Мухамед се запознале преку Фејсбук, а египетските медиуми сега зборуваат за нивниот брак/ Мухамед исто така се појавил во британските медиуми за да критикува тоа што го нарекуваат нејзина играчка.

-Јас не сум играчка, јас сум маж. Лут сум на сите медиуми кои така ме нарекуваат. Ова што Ирис и јас го имаме не е игра, туку љубов, порачал тој.

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *