Ќерката на Јелена Карлеуша го покажа своето катче, таа неверојатно личи на нејзината мајка (ФОТО)

Атина ги споила разгледниците и фотографиите и направила вистинска уметност.

Ќерката на пејачката Јелена Карлеуша и фудбалерот Душко Тошиќ, Атина Тошиќ, се повеќе е популарна во јавноста и тоа посебно на социјалните мрежи.

Атина својата соба ја уредила во нејзин стил, а потоа покажала како изгледа и нејзиното детско катче.

Атина на ТикТок објавила снимка и покажала како изгледа нејзината соба – се во розева боја, а еден детал на сите им западна во око. Многумина се прашуваа како има баш такви тапети.

Имено, над креветот на Атина се наоѓа колаж во розе боја, како тапет, а ќерката на Карлеуша тоа сама го направила. Таа ги споила разгледниците и фотографиите и ги залепила на ѕидот над креветот, така што во својата соба внела личен печат.

Да се потсетиме, Карлеуша и Тошиќ неодамна купија вила од 3 милиони евра, од Драган Стојковиќ Пикси, која потоа ја реновирале за нивниот дом да биде уреден исклучиво по нивен вкус.

Иначе, Атина е најследената помеѓу децата на јавни личности кои немаат ниту 18 години, така што на Инстаграм ја следат нешто повеќе од 124.000 луѓе, а на ТикТок повеќе од 76.000 следачи.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *