Ќерката на Џеј со тажна изјава за неговиот татко, но и што се случило откако тој си заминал

Марија Рамадановски, ќерката на Џеј Рамадановски, после заминувањето на нејзиниот татко од овој свет, одлучила да започне да се занимава со пеење, што била голема желба на нејзиниот татко.

Како што и порано се пишувало, Марија ќе започне музичка кариера и ќе се проба во поп жанрот.

-Ништо се уште не знам. Ако даде господ, ќе правиме и промоција, но уште ништо не знам. Се јавуваат луѓе, ми нудат некои песни, отприлика избрав, но се уште се е во фаза на договори и преговори. Не треба да зборувам унапред – раскажала Марија за српските медиуми, а потоа дала изјава за поединечни пејачи од естрадата кој јавно понудиле помош за семејството на Џеј.

-Тато имаше пријатели на Дорчула со кој израсна и тие пријатели, надворт од естрадата, и понатаму се со нас и така засекогаш ќе биде. Последниве години со никој од страдата не се дружеше интензивно, барем колку што јас без запознаена. Низ животот имаше доста со кој беше близок и соработуваше, но во последно време никој не побара да го види – изјавила Марија.

Таа додала и дека не се слуша со колегите на нејзиниот татко од музичката сцена, туку дека со нив во контакт е само постарата сестра Ана.

-Мене никој не ме побарал бидејќи јас не се дружам со познатите, со нивните деца, ниту пак сум дел од естрадата. Едноставно, немаме контакт. Бобан Рајовиќ, Аца Лукас ја побараа мојата сестра Ана. Тие во последно време беа присутни во неговиот живот. И не очекувам пола естрада да не побара. Поголемиот дел не ни ги познавам – објаснила Марија.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *