Ќе се остварат ли предупредувањата? Неколку работи кои треба да се случат во 2021 година

Животот се менува брзо, новите технологии, новата опрема и новите производи набрзо стануваат составен дел од нашите животи.

Она што им се чинеше невозможно на претходните генерации, за нас повеќе не е, а таа трансформација се случува секојдневно.

Ова е листа на работи кои набрзо се очекуваат да станат реалност:

Човек робот

Ова моментално звучи како научна фантастика, но никогаш не вели никогаш, кој знае? Можеме да бидеме сведоци на човечки мозок поврзан со компјутер, нешто кое порано звучеше невозможно.

Совршена изолација

Научниците измислиле посебен материјал кој се нарекува авгел, кој во основа е гел полн со неверојатно ситни дупчиња. Дупчињата се толку мали (зборуваме за нанометри) да молекулите на гас не можат да поминат низ нив, што на овој материјал му дава идеални изолациони својства.

Робот како електронска личност

Гугл работи на создавање на робот со карактер и различни расположенија. Како ќе се согласуваме во иднина со вакви изуми, што доколку тие добијат премногу моќ?

Хајперлуп

Најперлуп е ултра-брз транспортен систем со очекувана брзина од 1200 километри на час. Замислата е да капсули со луѓе во нив, лебдат во цевководи на тенок слој воздух и да бидат придвижувани од електромагнетен мотор сместен во внатрешноста на секоја капсула.

Патување на Марс

Иако ова може да звучи како фантазија, изгледа дека овој ден е многу поблиску отколку што мислиме.

Облека која ќе ве направи суперхерој

Дали сакате навистина да бидете силни? Нема потреба да поминувате часови во теретана. Само земете специјално одело и подгответе се да станете супермен.

Вселенски балон

Колку и да звучи нерелано, балоните можат да станат популарни за вселенски патувања. Очигледно е да можат да достигнат висина од 30-40 километри надморска височина. Иако вселената започнува 100 километри над земјата, таков лет би бил прилично импресивен.

Автомобил со опрема за детектирање алкохол во крвта

Американската национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата развива опрема која може да го скренира прстот и да го анализира нивото на алкохол во крвта преку дишењето. Ова е добро решение бидејќи премногу несреќи се случуваат поради возење под дејство на алкохол.

Интернет за сите

Не грижете се повеќе а лозинки за ваерлес мрежи или проблеми поради бавниот интернет. Ќе имате пристап до неверојатна брзза интернет мрежа каде и да се наоѓате. Илон Маск и РИчард Бренсон планираат со неа да ја прекријат целата планета.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *