Џек Ма повеќе не е најбогатиот Кинез, го престигнал произведувач на вода

Основачот на Алибаба и компанијата Ант Груп, Џек Ма, ја изгуби титулата најбогат Кинез, откако неговото деловно царство е ставено под строга контрола од кинеските регулатори, додека неговите ривали напредуваа на новата “Глобална ранг листа на богаташи за 2021 година” од истражувачката и медиумска група Хурун.

Ма и неговото семејство го држеа првото место на оваа листа во 2020 и 2019 година, а сега се најдоа на четвртото место. Пред него се Џонг Шаншан, сопственик на фирма за производство на флаширана вода Нонгфу Спринг, потоа Пони Ма кој го води Тенсент Холдинг и Колинг Хуанг, од компанијата Пиндуодуо за е-трговија, пренесува Ројтерс.

Хурун напоменува дека кинескиот пазарен регулатор покренал антимонополска истрага над Алибаба, откако Ма во октомври минатата година јавно го критикувал кинескиот регулаторен систем.

Новата листа на Хурун се прошири за 259 луѓе кои имаат богатство од милијарда долари, и брои вкупно 1.058 поединци, со што оваа земја стана прва во светот која ја премина границата од 1.000 милијардери.

Во споредба, САД добиле 70 нови милијардери, со што нивниот број се зголеми на вкупно 696.

Актуелниот најбогат Кинез, Џонг, за прв пат го завзеде лидерското место на листата на Хурун со богатство од 550 милијарди јуани (85 милијарди долари), кои ги стекнал благодарение на растот на цените на акциите на Нонгфу Спринг и производителот на вakцини Пекинг Вантаи Биолоџикал Фармаси, кој исто така е под негова контрола.

Богатството на второпласираниот Пони Ма од Тенсент, пораснало минатата година за 70 проценти на 480 милијарди јуани (74,3 милијарди долари), додека имотот на ХУанг од Пундуодуо скокнал за 283 проценти на 450 милијарди јуани (69,6 милијарди долари), наведува весникот. Богатството на Џек Ма и неговото семејство минатата година се зголемило за 22 отсто, на 360 милијарди јуани (55,7 милијарди долари).

Џанг Јиминг, основач и сопственик на ТикТок и БајтДенс, за прв пат се проби помеѓу петте најбогати Кинези на глобалната листа на богати ан Хурун, со просечен личен имот од 54 милијарди долари.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *