Џиновски ледени печурки: Неверојатна игран а природата на рускиот Далечен исток (ФОТО)

Уште една причина да ја обожавате зимата, и се почесто да патувате на пониски температури.

На рускиот Далечен исток, во Амурската област, секоја година на територијата околу Бурејската хидроцентралара се формираат неверојатни глетки – големи печурки од лед и дрво. За жителите тоа е вообичаена појава, но туристите го посетуваат Бурејскиот национален парк за да ја видат оваа необична појава.

Ледените печурки во тој дел се прордна, техногена појава. На таа територија порано, пред поплавите, растеле дрва, а сега се останати само стебла некои со висина и до пет, шест метри.

Во текот на зимата, водата околу стеблата замрзнува, а кога од хидроцентралата исфрлаат вода, нивото во акомулираното езеро се менува, а на стеблата остануваат парчиња лед со различен облик.

За последна најфина уметничка обработка е заслужен ветерот кој го обликува ледот во невероајтни и уникатни фигури.

Како ви се допаѓа овој неверојатен зимски феномен? Оставете го вашето мислење во коментар.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *