10 златни правила за воспитување на деца кои секој родител треба да ги знае

За правилно да го воспитате вашето дете, обидете се да во дело ги спроведете советите на американскиот психолог доктор Кевин Леман, кој тврди дека златната формула за доброто воспитување на децата, се крие во само десет реченици.

Дали некој од вашите родителски методи би пронашле во продолжение?

Секогаш бидете доследни во своето однесување, за детето да знае дека сте сериозни во она што го зборувате и правите.

Секогаш исполнувајте го она што сте го рекле дека ќе го направите и никогаш не отстапувајте од тоа.

Наместо да се расфрлате со зборови, затворете ја устата, размислете и одговорете на ситуацијата наместо со нагло реагирање.

Секогаш избројте до десет кога ќе наидете на проблем и запрашајте се: Што би требало да променам?

Никогаш не им се заkанувајте на децата, бидејќи заkаните ретко ги спроведуваме, па децата многу не веруваат.

Никогаш не се лутете пред нив, па дури иако ги изгубите нервите, извинете му се на детето за евентуално искажаните лоши зборови.

Никогаш не предупредувајте, бидејќи тоа е како на детето да сте му кажале дека не е доволно паметно и дека се мора да му се нацрта.

Не ги превземајте нивните проблеми, постојат работи кои мора да ги постигнат самите.

Немојте да мислите дека лошото однесување ќе исчезне, заборавете на тоа очекување.

Задржете го ведриот израз на лицето дури и кога ќе сакате да се намрштите.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *