10 знаци кои се предупредување дека е време за посета на кардиолог

Доколку сте забележале дека ве мачи барем еден од наведените проблеми во продолжение, време е да го посетите својот кардиолог.

Болка во градите

Болката во градите може да се јави изненадно и во било кое време. Во поголемиот дел од случаите, не се работи за прикриени срцеви проблеми, но тоа не може да го знаете додека не посетите лекар. Впрочем говорено, доколку болката во градите е поврзана со срцеви тегоби, следена со следните симптоми: притисок и тежина на градите, чувство на болка кое се протега на вашиот грб, вилица, рамена и раце (посебно левата), болката трае неколку минути ап се враќа, а варира во интензитет, краток здив, потење, вртоглавица и мачнина.

Имате висок крвен притисок

Покачениот крвен притисок е главен фактор за ризик за создавање на кардиоваскуларни болести, а од него патат 30 до 40 отсто од општата популација. Покачениот крвен притисок или хипертензијата ја нарекуваме и тивок yбиeц бидејќи често нема никакви симптоми, а лицата најчесто дознаваат дека го имаат дури кога ќе го измерат, или во полош случај, кога ќе дојде до потешки оштетувања на некои важни органи. Високиот крвен притисок го предизвикува преоптоварување на срцето бидејќи работи потешко за крвта да циркулира низ телото.

Губење на здив

Ова може да биде симптом на аритмија и коронарни болести, а кардиологот со преглед ќе се заклучи за што точно станува збор.

Пушач сте

Пушењето е еден од најризичните фактори за развој на болести на срцето, а можете да ги спречите доколку се откажете од цигарите. Секако е потребно редовно да го следите вашето здравје.

Сте имале или имате покачен холестерол

Холестеролот е масна супстанца која се наоѓа во многу намирници, но го произведува и црниот дроб. Високиот холестерол секако бара преглед на кардиоло бидејќи предизвикува собирање на маснотии на ивиците на крвните садови. Холестеролот можете да го намалите преку исхраната или лекови кои ќе ви ги препише докторот.

Имате хронична болест на бубрезите

Доколку бубрезите не функционираат како што треба, ризикот за развој на срцеви заболувања се зголемува.

Во семејството имате историја на болести

Одредени срцеви болести можат да бидат наследни, а доколку некој во кругот на семејството имал проблеми, кардиолог ќе може да утврди колкав е и вашиот ризик за развој на овие болести.

Болест на периферните артерии

Периферната артериска болест претставува стеснување на периферните артерии, поготво на нозете. Слична е со болеста на коронарните артерии и често се случува лицето да боледува од двете болести. Пушењето, високиот притисок и холестеролот со дијабетис го зголемуваат ризикот од појава на оваа болест. Промените на перфиерните артерии предизвикуваат стеснување односно на крај и опструкција (затнување) на артериите.

Не сте активни

Вежбањето донесува многу придобивки за нашето здравје, а една од нив е секако и здравото срце. Сепак, одредени болести на срцето и активното вежбање некогаш можат да нанесат и штета па доколку размислувате за тоа после година дена неактивност да скокнете во хеланки и тргнете во теретана, посоветувајте се пред се со вашиот доктор.

Прекумерна тежина

Вишокот килограми, поготово оние кои се собираат околу струкот, претставуваат голем терет за срцето кое мора посилно да пумпа за да доведе крв до секој дел од телото. Доколку ве мачи овој проблем, посоветувајте се со кардиолог за да го прегледа вашето срце и да ве упати како да го заштитите преку исхраната.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *