10 намирници кои се одлични за вашиот имунитет и го штитат телото од вируси и бактерии

Храна богата со витамини може да помогне во зајакнување на вашиот имунитет. Превенцијата е најдобриот лек.

Во продолжение на текстот прочитајте која храна ги содржи потребните материи за зајакнување на имунитетот, па задолжително сместете ја во вашето мени.

Бозел

Бозелот е богат со антиоксиданси и помага во борбата против воспаленијата. Испитувањата покажуваат дека сокот од Бозел помага во запирање на ширењата на вирусот грип. Познат е како стар народен лек. Бозелот е добар против грип и воспаленија.

Брокула

Брокулата е богата со состојки кои го зајакнуваат имунитетот: витамин А, Ц и глутатион. Лесно е достапна и е многу корисна како додаток во јадењата. Во комбинација со сирење го збогатуваме нашиот оброк и со витамините Б и Д.

Зелка

Зелката е богата со витамин Ц и глутамин кој го зајакнува нашиот имунитет. Она што е добро кај зелката е што е многу евтина и достапна за време на зимските месеци. Со додавањето на зелка (бела, црвена) во супата или јадењето (или пак како салата) го зголемувате внесот на антиоксиданси во вашиот организам и ја зголемувате хранливата вредност на вашиот оброк.

Бадеми

Шака бадеми помага да го повратите вашиот имунитет од последици на стрес. Препорачаната дневна доза на бадеми од 1/4 шолче е доволна да покрие речиси 50% од дневните потреби на организмот за витамин Е кој го зајакнува вашиот имунитет. Исто така, бадемите содржат Б витамин – рибофлавин и ниацин, кој помага во оправување од стрес. Бадемите најмногу се препорачуваат против стрес.

Грејпфрут

Грејпфрутот е богат со витамин Ци флавоноиди – природни, хемиски соединенијаа кои го чуваат вашиот имунитет. Доколку не сте љубител на грејпфрут, обидете се со портокали или мандарини. Грепфрутот содржи доста витамин Ц.

Пченични никулци

Пченичните никулци се дел од пченичното зрно. Тие имаат улога да го прехрануваат младото растение кое штотуку никнало. Затоа пченичните никулци се навистина хранливи. Тие се богати со цинк, антиоксиданси и витамин Б, како и останати важни витамини и минерали.

Пченичните никулци нудат добро избалансирана комбинација на растителни влакна, протеини и некои добри масти. Пожелно е дел од брашното, кое се користи за правење на лебови и пецива, да се замени со пченични никулци, бидејќи се навистина хранливи.

Јогурт

Една шолја јогурт дневно ја намалува можноста да настинете. Кога купувате јогурт, погледнете ја листата на активни состојки на етикетата. Исто така, видете дали јогуртот содржи витамин Д. Неодамнешните истражувања покажуваат дека постои врска помеѓу ниското ниво на витамин Д во организмот и зголемениот ризик од добивање на настинка или грип. Јогуртот е исклулчително корисен против настинка.

Лук

Лукот е богат со антиоксиданси кои помагаат во заштита на имунитетот посебно од штетните дејства на бактеријата Х пилори, која се поврзува со чир и стомачен тумор.

Совет за готвење: белиот лук исчитете го, исецкајте го и оставете го едно 15 до 20 минути да одстои пред готвење за да се активираат ензимите кои го зајакнуваат вашиот имунитет. Белиот лук е добар против чир и стомачен тумор.

Спанаќ

Спанаќот е многу хранлив зеленчук. Содржи фолат, кој му помага на организмот во создавање на нови клетки и ја поправа ДНК.

Исто така, спанаќот содржи влакна, антиоксиданси и витамин Ц. Јадете го спанаќот и сиров и зготвен за да извлечете најмногу корист од неговите лековити својства.

Сладок компир

Како и морковот, слаткио компир содржи антиоксиданс бета-каротен кој се бори против слободните радикали. Исто така, слаткиот компир содржи витамин А кој го успорува стареењето и го намалува ризикот од некои тумори.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *