10 начини на кои мажите ги изневеруваат своите жени, а тие воопшто не се свесни за тоа

Кога помислуваме на неверство во бракот, автоматски помислуваме на вонбрачна афе ра. Кога познаник ќе објави дека неговиот брак е готов, првото нешто кое сите луѓе се прашуваат, која личност била онаа нелојалната.

Но, она што го разгледуваме денес се многуте начини на кои нелојалноста може да се провлече во вашиот брак, предизвикувајќи го истиот ефект како гореспоменатиот фактор.

Парнтерот може да биде нелојален, без да има односи со било која друга личност. Нелојалноста во бракот е облик на емоционална нелојалност.

Ова се 10 знаци кои можат да укажуваат на тоа дека вие сте емоционално изневерени

Емоционалната нелојалност е всушност бавен почеток на крајот на бракот.

Зборува за вас позади ваш грб

Како да дознаете? Постојат суптилни промени во луѓето околу вас. Без оглед дали се тоа пријатели, негови соработници или неговото семејство, започнувате да забеежувате промена во нивниот став кон вас.

Можеби ќе започнат да се однесуваат со помалку почит и повеќе сарказам. Тие можат да покажуваат знаци и на неоправдани испади кон вас. Збунети сте бидејќи досега сте имале коректни односи со тие луѓе.

Го искоцка семејниот буџет

Неговата навика станала хоби. Немате поим колку всушност пари се губат во црната дупка од неговата лоша навика. Кој знае колку време поминува додека го прави тоа, на пример, играње карти, обложувајќи се на спортски настани и слично.

Еве во што е работата. Се коцка со вашата, и со иднината на своите деца. Тешко дека постои нешто понелојално од тоа.

Носи еднострани одлуки

Дали вашиот партнер некогаш донел важна одлука која влијае на целото семејство, без претходно да се консултира со вас?

Секако, тоа не се однесува на баналности како што ќе јадете за ручек, туку нешто поголемо – од избор на место за одмор, договор за воспитување на децата и бројот на деца, прашања поврзани со неговата или твојата кариера, купување на работи како нов автомобил и слично, работата е договор на рамноправни сопружници. Доколку не постои тоа, односно едната страна самата донесува одлуки, тоа е чим на емоционално нелојалност и краен егоизам во брачната заедница.

Придава поголема важност на своите пријатели, работата или познаниците

Значи, доколку има можност за избор, а вашиот сопруг почесто ги избира другите луѓе или настани наместо вас, само прашање на време е кога ќе се почувствувате насамарени. Посебно загрижувачки е доколку вашиот партнер има лесен карактер и сака да ги импресионира другите, оставајќи ве во сенката на неговите одлуки.

Исчезнува без да каже ниту еден збор

Ситуации во кои еден партнер демонстративно заминува после некое несогласување, не сака да се јави на телефон, нема намера да ве извести кога се враќа и слично – е доказ за неговиот егоизам и знак дека не може да ги контролира своите емоции, ниту пак своето расположение, односно себе си се смета за поважен од вас и целокупната ситуација. Тоа е дефинитивен знак за недостаток на преданост и посветеност.

Открива незгодни работи за вас кога сте во друштво

Секој од нас има некои работи кои не сака да ги сподели со другите, а последното што ви е потребно е тие работи да ги споделува некој на кому најмногу верувате – вашиот партнер, на тој начин тој ја издава вашата доверба.

Можеби тоа изгледа како билдање на своето его или обид да се биде духовит – но без оглед на причината, вие сте оној кој е изложен.

Зарем тоа не е нарушување на вашите чувства и вашата доверба?

Поминува време со луѓе кои воопшто не ги познава

Секако, сите имаме некои пријатели со кои нашиот партнер воопшто не е поврзан. Не велиме дека личноста не би требало да има свои пријатели, меѓутоа, доколку сорпужникот се обидува постојано да ве држи одвоени од таа личност, тоа е дефинитивен знак за предупредување. Можеби навистина крие нешто од вас.

Често ги прекршува своите ветувања

Пронаоѓа мал милион причини зошто не успеал да направи нешто што ви го ветил дека ќе го направи. И тоа постојано, во текот на целото време. Тоа би можеле да бидат мали или големи работи, но во секој случај, вие се чувствувате лошо поради тоа. Делата или недостатокот на истите, зборуваат повеќе од милион конверзации, и тоа е неоспорлив факт.

Неговата работа е недоволно јасна, или вие воопшто не знаете што работи тој

Неговите деловни соработници, состаноци и патувања надвор од градот ви се целосно нејасни? Доколку со вас на било кој начин не разговара за својата работа, што крие? Освен тоа, ова би можела да се однесува и на други тајни.

Иако е неприродно да се има некои тајни, не би требало да се чувствувате како вашиот партнер да логичка загатка.

Тој е зави сник

Има мал милион за висности, а во голем дел од нив, најголемата цена ја плаќаат блискте луѓе на тоа лице. Овие луѓе често ја рушат кулата наречена доверба и многу ретко навистина можат да се извлечат од канџите на било која за висност.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *