10 најздрави раси на кучиња, некои ги има во Македонија, за некои воопшто не знаеме

Веројатно сте размислувале која раса на кучиња е најздрава пред воопшто да набавите такво милениче. Иако речиси е невозможно да се предвиди која раса на куче ќе живее најдолго или која ќе биде најздрава, постојат одредени раси кои изгледа имаат пониски инстанци на генетски болести, повреди на коските и болести поврзани со нивната кожа и влакно.

Погледнете кои раси се сметаат за најздрави и како можете да му помогнете на вашето куче да живее долг, здрав и среќен живот.

Австралиски говедар

Иако не постои начин да се докаже која раса на куче е најздрава, некои работни раси, вклучувајќи го и Австралискиот говедар, можат да бидат со најмал број на прашања во врска со нивното здравје.

Не постојат цврсти докази кои можат да обезбедат сигурен научен одговор, но кучињата кои се одгледуваат за да вршат некаква работа имаат тенденција да бидат поздрави од останатите.

Австралиските говедари се кучиња кои традиционално се користат за овчарски работи, и останаа популарни работи поради својата интелигенција, вештината за решавање проблеми, но и благо каснување на стоката. Со животен век од 10 до 13 години, тие претставуваат одличен избор за активни семејства. Главните здравствени проблеми се поврзани со колкот, зглобовите и сетилото за слух.

Лисичари

Уште една раса на работни кучиња е наведена како една од најздравите, Лисичарите првенствено се користено за лов на лисици.

Бидејќи одгледувачите се фокусираат на функцијата на кучињата наместо на неговиот добар изглед, природно е дека кучињата ќе развијат поголема отпорност на болести или повреди.

Со животен век од 11 до 13 години, Лисичарите се одличен избор за семејства кои живеат во рурални подрачја или големи фарми.

Тие бараат секојдневна активност во вид на прошетка и потребно им е многу малку време за повремено четкање.

Германски птичар

Ловечко куче за сите намени, познато по својата интелигенција и способност во многу различни активности. Германскиот птичар е уште една многу здрава раса. Со просечен животен век од 12 до 14 години, Германскиот птичар е склон на здравствени проблеми како што се хипотиероидизам, дисплазија на колкот и свиткување на желудникот.

Германскиот птичар е високо енергетска раса на уче кое бара многу секојдневни вежби и ќе биде потребно пристап до отворен простор.

Овозможувањето на ментална стимулација, физичко вежбање и одржување на здрава тежина кај ова куче, се само некои од начините вашето куче да остане здраво и среќно.

Бордер коли

Уште една високо енергетска раса позната по својата агилност, интелигенција и послушност, Бордер коли е една од најздравите раси на кучиња.

Со просечен животен век од 10 до 14 години, Бордер коли е склон кон здравствени проблеми кои вклучуваат разни напади и хипотиероидизам. Раса, која секогаш сака да ви удоволи, со високо ниво на интелигенција, Бордер коли бара да му се обезбедат доста дневни активности и вежби, како и редовен пристап до отворен простор.

Мешанци

Со единствен генетички код и пониско ниво на инбридинг (парење на животни во блиско сродство), Мешанците се воглавно помеѓу најздравите кучиња.

Неодамнешното истражување поакажло дека Мешанците имаат значително помалку шанси да развијат некоја од десет гетски засновани болести, вклучувајќи и некои болести на срцето, ниско-скелетни проблеми, алергиски болести на кожата и хипотиереодизам.

Чивава

Позната по тоа што е најмалата раса на светот. Чивавата е лојална, интелигентна и една од најздравите раси на кучиња. Со просечен животен век од 14 до 18 години, Чивавите се познати дека имаат здравствени тегоби кои вклучуваат хипогликемија, потоа проблеми со зглобовите и проблеми со пореметување на срцевиот залисток. Поради својата големина, покрај кратките прошетки бараат минимални физички активности.

Хавански бишон

Во споредба со другите кучиња со иста големина, Хаванскиот бишон исто така се наоѓа на листата на најздрави кучиња. Ова популарно милениче е познато по своето пријателско однесување. Хаванскиот бишон живее помеѓу 12 и 14 години и боледува од здравствени проблеми како што се болести на зглобоите и оглувување.

На Хаванскиот бишон му се потребни кратки дневни прошетки за да ги задоволи своите потреби за активност. Како додаток на овие прошетк исе препорачува високо квалитетна храна која би им помогнала да останат здрави.

Австралиски овчар

Со многу мал процент на повреди во врска со коските, како и со болестите поврзани за влакната и кожата, Австралиските овчари се релативно здрави. Австралискиот овчар е интелигентен, послушен и агилен вид на куче, кое бара редовни физички вежби како и ментална стимулација. Со просечен животен век од 12 до 15 години, расата е склона кон здравствени проблеми кои вклучуваат дисплазија на колкот, хипотиероидизам, како и вродени наследни состојби на очите. Се препорачува и давање на редовни, високо квалитетни прозиводи за превенција на инсекти и крлежи, како и други производи препорачани од страна на вашиот ветеринар.

Лабрадудул

Популарна меша раса помеѓу Лабрадор ретривер и Пудлица, Лабрадудул се наоѓа на листата која има многу малку здравствени проблеми поврзани со повреди на коските и проблеми кои се однесуваат на влакната и кожата.

Влакната на Лбрадудул треба редовно да се чистат, да се чешлаат и најмалку два пати годишно да се тримуваат. Тие можат да патат од здравствени состојби како што се често видени во своите матични раси, дисплазија на колкот, Адисонова болест, како и пореметување кое вклучува ПРА (прогресивна ретинална атрофија).

За да бидете сигурни дека вашето куче води долг и здрав живот се препорачува воспоставување на односи со ветеринар на кој му верувате, и да на време вашето куче ги прима сите преветивни вакцини кои ветеринарот ги предложува. Исто така, им се препорачува на сопствениците на кучиња да закажуваат редовни годишни физички прегледи, вклучувајќи и стоматолошки процени.

Сибирски хаски

Кучето со средна големина позната по својата способност за тркачко куче, Сибирското хаски е релативно здрав во однос на другите раси со иста големина. Додека оваа раса некогаш се користела како работно куче, таа денес стана домашно милениче на активни семејства кои уживаат во природа. Со животен век од 11 до 13 години, Сибирските хаски можат да патат од разни здравствени проблеми, вклучувајќи и ПРА 9 прогресивна ретинална атрофија), хипотиероидзам и катаракта.

Покрај воспоставувањето на односи со ветеринар во кој имате доверба, се предлага и запознавање на локални и итни специјални болници, учење на давање прва помош на миленици, како и набавување осигурање на миленичето во случај вашето куче да има вонредна состојба во врска со здравјето.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *