10 неверојатни работи кои ќе се случат во 2021 година: Предвидувања на познатата банка, кои не им се допаѓаат на луѓето

Дали следната година Амазон ќе го “купи” Кипар, а Германија ќе ја спасува презадолжената Франција? За Саксо (Saxo) банка, изгледа, ништо не е невозможно.

Имено, како што наведува Форбс, ова е период од годината кога Саксо банка ги изнесува своите 10 неверојатни предвидувања за наредните 12 месеци.

Се собрале, како што додава, цел култ кој следи иако не сите прогнози се во целост сериозни, дизајнирани се така што ќе ги натераат инвеститорите да размислуваат за ризиците кои можат да влијаат на пазарот. Впрочем, секој кој минатиот декември би предвидел глобална пандемија и опоравување во Белата куќа, веројатно бил отфрлен како износени ракавици.

Директорот за инвестиции на данската банка Стин Јакобсен изјавил дека сме го виделе “најбрзото опоравување во историјата, како и билансните состојби на централните банки и фискални дефицити кои се движат со невидено темпо”.

Во продолжение следат 10 неверојатни предвидувања на банката за 2021. година.

Амазон го купува Кипар

Сценариото е следно: внимателен поради интервенциите на регулаторите, Амазон го сели своето седиште од ЕУ на Кипар и помага на земјата да ги преправи своите даночни правила во корист на технолошкиот гигант. Тоа овозможува финансиски ветер во грбот на тешко задолжениот Кипар, но и ја приморува Европската Унија да ги усклади даночните правила помеѓу своите членки.

Германија ја спасува Франција

Трпејќи веќе еден од најголемите долгови во Европската Унија, од 140% од БДП после ковид кризата, серија корпоративни банкроти ги туркаат француските финансии на работ. Масовната продажба на француски банки ќе го примора Париз да ја моли Германија да ја натера Европската централна банка да ја извади од кризата.

Блокчеин технологијата ги убива неточните вести

Поради се поголемиот проблем од дeзинформации, реномирани медиумски куќи и социјални мрежи ќе го возвратат ударот, преместувајќи ги вестите во блокчеин мрежа која е доверлива.

Нова кинеска дигитална валута доведува до тектонски промени во капитални текови

Дигиталниот јуан отвора пристап на кинескиот пазарен капитал и ја подобрува ефикасноста, што резултира со нова стабилност. Јуанот се повеќе го надминува американскиот долар како резервна валута.

Зелената технологија донесува изобилство од енергија, но го убива ветерот

Напреден алгоритам на вештачка интелигенција ги решава загатките за комерцијални фузиони енергии. Ова ќе предизвика квантен скок во енергетската технологија. Со ова, секој дом би станал енергетски независен, но ќе предизвика проблеми во секторот со енергија добиена од ветерот.

Универзалните основни приходи ќе предизвикаат забрзано заминување од големите градови

Како што технолошкиот напредок предизвикува се повеќе технолошки вишоци и раст на нееднаквоста, општеството ќе препознае дека мора да се префрлат на универзален модел за основен дохот. Автоматизацијата на поголемиот дел од градските канцеларии, ќе ја уништат вредноста на имотите и ќе ги поттикнат луѓето да ги напуштат градовите.

Граѓанскиот технолошки фонд исплаќа дивиденти за пречки

Поради технологијата која десеткува работни места во неколку сектори, ќе се отвори фонд кој ќе плаќа “дивиденди за пречки”, за да се обиде да се подели дел од добивката на овој напредок во продуктивноста.

Ефикасна вакцина против ковид-19 ќе создааде проблем за зомби компаниитe

Економското пореметување кое го донесе пандемијата примроа многу компании значајно да се задолжат за да преживеат. Како што економијата напредува после вакцината, тежината на поттикнувањето кое се вметнува на пазарот резултира со прегревање на економијата, што доведува до зголемена инфлација. Ќе растат каматните стапки како одговор на резултирањето од бранот на пропаѓање.

Цените на среброто ќе се зголемат поради побарувачка на соларна енергија

Растечката инфлација во текот на 2021. година ќе ја поттикне побарувачката за племенити метали, а бидејќи САД, Кина и ЕУ склопуваат таканаречени зелени договори, ова ќе го придвижи растот на побарувачката за сребро во индустриска примена, што резултира со намалување на понудата.

Технологијата од следните генерации ќе ги зајакне пазарите во развој

Напредокот во сателитската испорака на Интернет, како што е Старлинк на СпејсИкс, масовно ќе ја зголеми покриеноста на интернет на гранични и пазари во развој. Тоа ќе предизвика револуција во образованието и деловната продуктивност.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *