10 работи кои покажуваат дека вашето дете е натпросечно интелигентно

Доколку некогаш сте се запрашале дали вашето дете е понапредно од своите врсници, посветете внимание на следните знаци кои укажуваат на тоа.

За секој родител, неговото дете е најубаво, најдобро, најпаметно. Но сепак, надарените деца често се издвојуваат од своите врсници и своите способности ги покажуваат на различни начини што укажува на напреден развој.

Надарените деца често имаат и повисок степен на интелигенција, тврди психологот доктор Кахина Луис која спроведува тестирање на деца на Флорида. А, објаснувајќи како да се воочат надарените деца, доктор Мими Велиш, психолог, изјавила дека тоа често се сведува на ситни детали.

-До предучилишна возраст, општ знак за надареност може да се покаже на изненадувачки детални или напредни цртежи, на пример на карта на град гледана од птичја перспектива. Таквото дете може да каже многу работи за својот цртеж, доколку го прашате – изјавила таа.

Доколкиу некогаш сте се запрашале дали вашето дете е понапредно од своите врсници, обрнете внимание на следните знаци кои укажуваат на тоа.

Брзо учи

Според Кахини Луис, јасен показател дека детето е попаметно од своите врсници, е тоа колку брзо учи.

Надарените деца имаат тенденција побрзо да ги сфаќаат работите, а тоа го гледаме во низата активности како читање, пишување и општо решавање на проблеми.

Користат комплицирани зборови

Доколку вашето дете брзо го збогатува својот вокабулар, тоа би можел да биде знак дека е надарено. Малите деца често не користат цели реченици додека зборуваат, но надарените деца често ќе запомнат комплицирани зборови и истите ќе ги употребуваат во секојдневниот говор.

Љубитни се и имаат желба за учење

Паметните деца често ги преиспитуваат работите и се прашуваат зошто се такви какви што се. Доктор Мими Велиш изјавила дека надарените деца се често љубопитни и со леснотија апсорбираат нови информации.

Таа љубопитност ги поттикнува да учат, и тие се многу мотивирани да разбираат се повеќе работи за се околу себе. Тоа би можело да резултира со завршување на училишните обврски пред другите деца како резултат на побрзо апсорбирање на нови информации.

Рано читаат

Надарените деца обично започнуваат да читаат многу побрзо од своите врсници, а често се подучуваат и самите себе си.

Тие подобро препознаваат букви и подобро о разбираат звукот, па често можат да читаат посложени текстови од многу рана возраст.

Неверојатно помнење и препознавање

Некои надарени деца можат да решаваат загатки или побрзо да препознаат примери од другите. Тоа, на пример, може да се воочи во рецитирање на распоредот или гледање на часовникот на аналогниот часовник.

Можеби ќе може да рецитира книга која ја прочитале од збор до збор или да отпеваат песна која ја слушнале на радио. Впрочем, често имаат неверојатни сеќавања и потребно им е многу помал број на повторувања за разлика од нивните врсници, за нешто да можат да го запомнат.

Креативност

Уште една карактеристика која е честа кај надарените деца се креативните вештини кои не би требало да ги очекувате за дете од таа возраст.

Тоа би можело да бидат претерано сложени цртежи или слики кои се понапредни отколку што навистина може да се очекува од дете, а кои произлегуваат од нивната бујна фантазија.

Имаат многу енергија и помалку спијат

Вообичаено е дека малите деца дремнуваат во текот на целиот ден, но според зборовите на експертите, понапредните деца често се необично живи и спијат помалку од останатите деца кои се на нивна возраст.

Меѓутоа, со се она што се случува во нивниот мозок, надарените деца понекогаш можат да се опишат и како напорни, изјавила доктор Кахина и можат бурно да реагираат кога им е досадно.

Тие можат да бидат и свесни за својата околина и секогаш да бараат нешто кое ќе ги забавува. Тоа исто така значи дека имаат способност за подолго фокусирање, додека поголемиот дел од малите деца не можат да останат долго време на едно место.

Тие се многу независни

Надарените деца често се многу независни, на пример, инсистираат на самостојно облекување од втората година, или инсистираат да го подготват сопствениот појадок.

Оваа потреба за независност може да создаде и некои проблеми, поготово доколку мама или тато се во брзање.

Напредни вештини на расудување

Еднаш кога ќе проговорат, малите деца ќе се обидат да се расправаат кога не е по нивно. Но, паметните деца често имаат неверојатни вештини на расудување и можат да се расправаат многу подобро од своите врсници.

Исто така, тие имаат способност на промислување на работи, а напредните вештини на расудување се одличен знак за висока интелигенција.

Тие се чувствителни и емпатични

Според експертите, неверојатно бистрите деца имаат тенденција да бидат необично чувствителни и емпатични.

Тоа исто така значи дека би можеле да бидат перфекционисти и силно да ги погодува кога нешто нема да биде завршено како што треба.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *