11 години чекала нејзиното момче да ја запроси: На крајот одлучила таа да го направи тоа, но не можела да направи полошо

Направила потег поради кој засекогаш ќе се кае.

Британката Сејди Кинг (28) од Норич дури 11 години била со првиот и единствен дечко во својот живот.

Средношколската љубов и донела многу прекрасни моменти, но за жал, не и оној најубавиот кој Сејди го чекала многу долго.

Поради тоа на својот 28 роденден решила да ги сврти улогите и да, кога нејзиното момче ќе се врати од работа, таа него да го запроси.

“Не ми беше сеедно. Поради епидемијата сама славев роденден и ми беше важно што побрзо да се врати дома. Најмногу поради запросувањето. Го познавав половина мој живот, верував дека ја правам вистинската работа”, напишала Сејди на ТикТок.
А потоа следел ладен туш.

“Беше 23:30 часот а јас и понатаму седев сама во собата и гледав телевизија. Го немаше. Океј, не знаеше за мојот план, но најверојатно заборавил дека ми е роденден. Ниту утрината не ми честиташе кога замина на работа.” се запрашала Сејди.

Во 2:30 утрото повторно се огласила на ТикТок.

“Нема тој ниту да се врати. Не само што не се појави туку ми блокираше осум повици. Сама сум и плачам. Ова требаше да биде мојот најубав ден во животот, но од тоа нема ништо. Исто како и од нашата врска” додала Сејди чиј пријатели и следачи на ТикТок и испраќале пораки со поддршка.

Наредните денови Сејди Кинг потврдила дека со нејзиното момче повеќе не е во врска, која траела цели 11 години и која требало да биде крунисана со запросување.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *