11 работи кои никогаш не ги прават луѓето кои се почитуваат себе си, посебно она под број 7

Самите избираме како ќе живееме – како среќна личност која се грижи за себе и ужива во целото внимание, или како човек чиј желби и приоритет секогаш се на последно место. Овие работи никогаш не ги прават луѓето кои се почитуваат себе си.

Јадење и пиење од скршени садови

Колку и да му е омилена, човек кој се почитува себе си ќе ја фрли во ѓубре шолјата која се скршила или отчепила, наместо да продолжи да пие од неа. Оние кои продолжуваат да го прават тоа, подсвесно мислат дека не заслужиле добри работи во животот. Кога се задоволуваме со малку, не го добиваме она што навистина сме го заслужиле.

Не водите сметка што јадете

Доколку личноста јаде се што ќе и се најде во рака, тоа значи дека воопшто не се грижи за себе. И не е работата во цената на намирниците. Дури иако немате големи приходи, доколку се почитувате себе, ќе се обидете да ја избалансирате вашата исхрана и да се храните квалитетно.

Достапност за другите

Оној кој го цени своето време и себе си, нема веднаш да скокне да се јави на телефон или да одговори на пораката, доколку во моментот има други приоритети. Истото важи и за деловните повици надвор од работното време.

Купување на облека

Човек кој се почитува себе си и се грижи, никогаш не купува облека само поради цената или распродажбата, само за секој случај. Личноста која се цени себе, можеби ќе си овозможи помалку, но поквалитетни парчиња гардероба. Освен тоа, ова е всушност вистински начин за заштеда – со квалитетните парчиња нема да купувате исти работи често бидејќи долго ќе траат, а притоа нема да фрлате пари на непотребни работи кои всушност никогаш и нема да ги облечете.

Стари работи кои повеќе не ги носиме

Често имаме проблем да ги фрлиме работите кои ни се мили, но не ги носиме бидејќи веќе се пропаднати, избледени, имаат дупки. Некои дури носат и стари, искинати хеланки под панталоните во текот на зимата, бидејќи никој не ги гледа. Истото важи и за дупките на чорапите под модерните чевли. И психолозите се согласуваат дека носењето на ваква облека влијае на самодовербата на човекот. Кога носиме убава и квалитетна облека, се чувствуваме поубаво и нашата самодоверба расте. И не е важно дали сте на работа или дома пред телевизор.

Штедење на квалитетот на облеката

Личноста која не се почитува себе си ќе купи евтини чевли кои ќе се распаднат после една сезона. Лошиот квалитет на обувките влијае и на здравјето, бидејќи може да предизвика низа проблеми со зглобовите и коските, што не е случај со квалитетната обувка со анатомско лежиште. Купувањето на скапи чевли не значи дека сте расипник и се расфрлате со пари, туку значи дека се грижите за себе и за своето здравје.

Игнорирање на вашето здравје

Здравјето е непроценлив дар кој никој и ништо не може да го купи или надокнади. Луѓето кои се ценат себе си, се свесни за ова и за нив здравјето е на прво место.

Грижа за забите

Состојбата на вашите заби зборува многу за вас. Убавата насмевка е првото нешто што ќе го забележите кај некој човек, и тоа е знак за добро здравје и грижа за себе. Грдите заби со кариес, лош здив и слично, ги уништуваат сите напори да изгледаме атрактивно. Затоа луѓето кои се сакаат и почитуваат себе си, никогаш не пропуштаат посета на стоматолог.

Постелнина

Во просек, секој човек поминува една третина од својот живот спиејќи. Квалитетот на сонот влијае на тоа како ќе се чувствуваме во текот на денот, дали ќе бидеме продуктивни, но и здрави. Затоа и изборот на постелнина е многу важен за вас. Доколку избирате вештачки материјали во кои ќе се потите преку целата ноќ или ќе ризикувате осип, не очекувајте квалитетен сон. Луѓето кои се грижат за себе и се ценат самите себе, секогаш избираат постелнина од фин, мек, природен материјал, поради кој сонот станува уште поубав и поквалитетен.

Физичка активност

Сите знаеме дека вежбањето е одлично за здравјето. Помага да одржиме здрава телесна тежина и да го намалиме ризикот од кардиоваскуларни болести, мозочен удар и дијабетис тип 2. Освен тоа, редовното вежбање има сјајно влијае на самодовербата. Научниците докажале дека личностите кои немаат проблеми со самодовербата, полесно се одлучуваат на редовно вежбање и имаат поголема мотивација.

Озборување за другите

Само луѓето кои не се почитуваат себе можат да се чувствуваат добро додека разговараат за некој друг позади нивниот грб. Најчесто во прашање е само скриена љубомора. Наместо да прават нешто со својот живот, луѓето со ниска самодоверба се обидуваат да ги оспорат успесите на другите. Од друга страна, личноста која се почитува себе си, никогаш нема да го троши своето време и енергија на озборувања. Тие немаат причина да се обидуваат да изгледаат подобро и да ги понижуваат другите. Тие разбираат дека нивниот живот е само нивна одговорност, и за своето недостатоци и проблеми, никогаш не обвинуваат никој, најмалку своите пријатели и познанци кои имаат повеќе среќа.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *