11 симптоми кои предупредуваат дека вашето срце не работи како што треба

Во случај на појава на овие симптоми, веднаш јавете се на вашиот лекар.

Секоја година од срцеви болести умираат речиси 18 милиони луѓе од сите старосни групи. Но толку многу несреќни случаеви би можеле да се избегнат доколку сите знаат да препознаат симптоми на болести на срцето и благовремено да се обратат кај својот лекар.

Главниот проблем е што срцевата инсуфициенција, често се маскира во обично заболување. Но, постојат одредени знаци на кои вреди да посветите посебно внимание, особено за луѓе постари од шеесет години и оние кои имаат високо ниво на холестерол, оние кои имаат прекумерна тежина, дијабетис или хипертензија.

Срцево проблеми. Кои симптоми ве предупредуваат?

-Непријатност во пределот на градниот кош (блага болка)

-Лош апетит, чувство на тежина и болки во стомакот, мачнина

-Болка во левата рака (доколку се појави изненадно и без очигледна причина, повикајте брза помош).

-Болка во забите и долната вилица (доколку немате кариес, забите ви се здрави но ве болат – јавете се на кардиолог).

-Краткотрајна вртоглавица и главоболка кои не престануваат, можно е губење на свест.

-Замарање (тешко ви е да направите некои вообичаени работи како перење на садевите, прошетка, станување од кревет).

-Еден на долните екстремитети (често и појачан оток на нозете)

-Упорна кашлица

-Отежнато дишење

-Апнеја

-Забрзана и отежната работа на срцето

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *