20 знаци кои покажуваат дека вашата мачка премногу ве сака

Мачките делуваат ладно, незаинтересирано и егоцетрично на прв поглед, но кога ќе стане член на вашето семејство, сфаќате дека таа е полна со љубов, почит и наклонетост.

Како да знаете дали вашата мачка ве сака?

Мачката покажува љубов низ одредени движења, постапки и сигнали, а овие знаци откриваат дека вашата мачка, едноставно ве обожава:

Се мази со вашите нозе

Кога мачката изненадно ќе започне да го трие своето тело од вашите нозе или раце, тоа значи дека ви покажува нежност и бара внимание.

Мачката ви носи поклон

Многу сопственици се згрозуваат кога пред влезната врата ќе видат птица или глувче кое мачката го уловило. Таа на овој начин ви покажува дека ве цени и дека сака да ве направи среќен.

Мачката ве грицка

Мачката со благо грицкање ви покажува наклност, љубов и преданост.

Мачката ве лиже

Доколку мачката ви ја лиже раката, тоа значи дека ве сака и дека со вас се однесува онака како што би се однесувала кон некоја друга мачка. Таа на овој начин ви покажува дека вие сте дел од нејзиното семејство.

Ве масира

Кога мачката ќе започне нежно да ве гмечи со шепите додека преде, таа ви покажува колку ве сака и дека и е пријатно во ваше друштво.

Ве следи

Доколку мачката ве следи низ домот и кога е нахранета, на овој начин ви ја покажува својата наклност.

Нежно ја потпира својата глава на вас

Доколку мачката удира со својата глава во вашата рака или го трие челото од вашата шака, таа всушност со својот гест ви покажува колку ве сака. Во мачкиното однесување, овој потег е сличен на прегратката.

Спие со вас

Мачките спијат единствено на место на кои се чувствуваат сигурно.

Ве пречекува

Доколку мачката трча кон вас кога се враќате од работа, тоа значи дека сте и недостасувале и дека ве сака.

Гледа во вас

Мачките имаат неверојатно изострени сетила и лесно го тргаат погледот, но доколку вашата мачка постојано гледа во вас, таа е дефинитивно заљубена во вас.

Мачката обожава да седи во вашиот скут

Колку пати има заспано во оваа позиција?

Мачките спијат на вашите работи

Доколку мачката бара да легне на вашите работи, таа трага за вашиот мирис.

Спие на грб

Вака може да лежи само мачка која целосно ви верува.

Намигнува

Мачката која трепка и намигнува додека ве гледа, ви покажува сигнали на љубов.

Свиткана опашка

Доколку мачката го држи свиткан опашот додека стои, покажува дека и е пријатно.

Ги свиткува шепите и ги става под себе додека спие

Доколку ова го прави во ваша близина, таа неизмерно ви верува.

Се чисти пред вас

Мачката разговара со вас

Кога ќе и се обратите, таа ви возвраќа со мјаукање.

Заиграна, енергична и темпераментна мачка е среќа и и годи престој во вашиот дом.

Мачката преде – ова е најјасниот знак дека мачката ви ја возвраќа љубовта која и ја давате.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *