22 годишна девојка која е во врска со 60 годишен маж го сподели своето искуство: Едноставно, се чувствувам прекрасно

Девојката тврди дека отсекогаш ја привлекувале постари мажи и дека отсекогаш и биле симаптични пријателите на нејзиниот татко.

Алиса Гутереж, 22 годишна девојка која била во потрага по шугар деди, денес е во врска со 56 годишниот Питер кој е постар од нејзините родители.

Фризерка и прфесионален спортски коцкар, се запознале преку страница за запознавање спонзори кога таа имала 20 години. Алиса се приклучила на страницата за да пронајде постар маж кој ќе ја разгали, но инсистира дека она со Питер, нема никаква врска со парите.

“Отсекогаш ми привлекувале постари фраери, ова не е ништо ново за мене. Откако бев девојче знаев за тоа. Симпатични ми беа пријателите на татко ми или пријателите на постариот брат. Сепак, Питер е најстариот тип со кој сум била во врска”, објаснила Алиса.

Во врска се речиси три години, а планираат и веридба. Питер прв и пришол на Алиса и ја прашал дали би заминала на вечера со него. Професионалниот коцкар бил оженет 15 години и се развел во 2010 година.

Иако порано љубел помлади жени, тврди дека врската со сегашната девојка е поианква.

“Алиса е толку мила личност и не се обиде да ги искористи моето богатство како некои други девојки. Не можете да купите таква љубов”, објаснил тој.

Нејзините родители во тоа време се разделиле па можела да избира – да се пресели кај еден од нив или да живее сама. Барала и стан и му кажала на Питер за тоа, а тој и понудил да се всели кај него бидејќи имал една соба вишок.

Алиса најпрво ја криела врската бидејќи се плашела што другите ќе мислат за нив, но сега својот дечко гордо го покажува.
“Питер е постар од моите родители, но после година ипол дена ги известив за врската и тие го прифатија тоа”, објаснила таа.

Иако случајните минувачи ги гледаат чудно, на негативните реакции воопшто не реагираат. После завршувањето на пандемијата, планираат да се венчаат и да имаат деца.

Парот својата врска ја документира и на ТикТок, каде што имаат преку 72.000 следачи.

“Добиваме многу поддршка и девојките ме прашуваат за совети и помош околу однесување во слични врски. Секако, тука ги има и оние 15 отсто хејтери и тролови”, изјавила Алиса.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *