27 години во брак се обидувале да добијат ќерка, а после 14 сина следела нивната најголема радост

Не можеле да веруваат што им вели докторката.

Катерина и Џеј Шванд од Мичиген ја воодушевиле цела Америка со својата неверојатна животна приказна.

Парот полн со љубов и грижа за потомство, 27 години во брак сакал на силните синчиња да им подарат сестричка. Кога и да се понадевале дека новата бременост е знак дека и девојче ќе пристигне во нивниот живот, судбината постојано им се смешкала и велела “нема шанси”.

Меѓутоа, после 14 синови (Тајлер, Зак, Дру, Брендон, Томи, Вини, Калван, Гејб, Весли, Чарли, Лук Такер, Франциско и Финли) гинекологот на последниот преглед им рекол дека овој пат ќе добијат ќерка.

Бременоста убаво течела и малата Меги Џејн станала дел од семејството.

“Пресреќни сме што Меги Џејн стана дел од нашето семејство. Оваа година ќе ни остане врежана во сеќавањето од толку причини, но Меги е најголемиот поклон кој можевме да го добиеме”, изјави воодушевениот татко Џеј (45), пренесува Детроит Фри Прес.

Меги Џејн го добила името по двајцата свои родители – средното име на Катерина е Маргарет, а Џејн произлегло од името на Џеј.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *