3 причини зошто не треба да влегувате во брак само поради пари

Идејата дека момците без пари би требало да се избегнуваат по секоја цена не е непозната. Го има во песните на Крис Браун и многу други…

Ова се трите причини поради кои не треба да започнете врска само затоа што партнерот е богат..

1. Ако трчaте по пари, порачувате дека и вие самите сте роба со цена

Придавање толкава важност на парите во врската може да значи дека сами сабе ќе се ставите во незавидна позиција која на богатиот маж може да му појде од рака. Тој убаво ќе се забавува додека вие играте како тој ќе свири и ќе ве третира како парче мебел.

2. Денес вашиот опстанок не зависи повеќе од мажите: заработувате сами и излегувате со кој сакате

Никој не вели дека треба да излегувате со гребатор, но да се забавувате со некој значи многу повеќе, а тоа не се сведува на сметката во банка на партнерот. Тоа што постои можност сами да ги решите своите егзистенцијални проблеми ви отвора фантастична шанса во врската да се занимавате со- емоциите.

3. „Има пари, значи вреди“- како би се чувствувале вие некој за вас да донесува став на толку површен начин (Нема пари значи не вреди?)

Токму како што тоа вие не го сакате, ниту мажите не го сакаат и не го заслужуваат истото. Смешно е да мислите дека ако некој доаѓа од богато семејство, е оној кој би било вредно да го задржите како партнер. Подобро барајте момче кое има амбиции и сака да изгради царство заедно со вас.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *