7 начини како да заштедите пари додека купувате во супермаркет, ова вработените не ви го кажуваат

Кога ќе тргнете во шопинг по намирници, сметката на крај често знае да го пробие плафонот, меѓутоа, постојат неколку трикови со кои може да го избегнете ова.

Експертите за шопинг споделија 7 трикови со чија помош ќе потрошите само онолку колку што е неопходно и нема да го пречекорите својот буџет.

Купувајте на големо

На момент ќе ви изгледа дека всушност не штедите пари, но купувањето на големо е всушност многу поевтино. Во многу продавници производите се поскапи кога купувате помали количини, но со купување на големи пакувања всушност штедите огромни пари. Кога купувате залихи, внимавајте храната да не се расипува лесно, односно да има доволно долг рок на траење.

Направете список пред да заминете во продавница

Кога ќе дојдете во продавница со план, помали се шансите дека ќе донесете некои импулсивни и скапи одлуки. Пред заминување во продавница размислете што ви е навистина потребно, направете листа и држете се до неа. Не само што ќе избегнете високи сметки, туку е и помала веројатноста дека ќе заборавите да купите нешто што ви е потребно.

Купувајте помалку познати брендови

Помалку познатите брендови по правило се секогаш поевтини од познатите брендови, воглавно поради тоа што не вложуваат пари во маркетинг и огласување па себе можат да си дозволат малку пониска цена. Воглавно се работи за производи од ист квалитет како и кај познатите брендови, единствената разлика е во тоа што ова ќе ви заштеди пари.

Не купувајте намирници кои се веќе насецкани

Веќе подготвеното овошје и зеленчук може да изгледа како одлична опција – веќе подготвено за конзумација па не трошиме време на миење, чистење, сечење. Меѓутоа, ваквите опции се секогаш поскапи, затоа за неколку минути подготовка, можете да заштедите прилично голема сума на пари.

Унапред планирајте ги своите оброци

Ваквата стратегија не само што ќе ви заштеди време, туку и пари. Кога точно знаете што ќе биде на овонеделното мени, можете да ги избегнете непотребните трошоци при купување.

Избегнувајте купување на ситници на каса

Веројатно на сите ни е познато колку е навистина тешко да се одолее на пакувањето бомбони или мастики за џвакање додека го чекаме својот ред на каса, меѓутоа, овие ситници можат сериозно да ја зголемат нашата сметка. Избегнувањето на вакви производи е клучно, а во поголемиот дел од случаите тие навистина не ви се потребни, а речиси никогаш нема да можете да ги искористите во подготовка на оброк.

Заборавете на флаширана вода

Не само што сите тие пластични шишиња се лоши по околината, конзумирањето на вода од чешма може да заштеди многу пари. Тоа секако, важи само за оние кои имаат исправна вода за пиење. Другите се осудени на тешки и не баш евтини балони и шишиња.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *