9 годишно дете со прекрасна идеја пронашол начин да го прехрани своето семејство и заедно да го отплатат станот

Алик посакал коза, за на своето семејство да ги намали трошоците за млеко, но наместо тоа добил јајца.

Во Калининград живее шестчлено семејство Гордјуков, а најмладиот Алик сакал да им помогне на своите родители да заштедат.

Тој, верувајќи во Дедо Мраз, посакал да добие коза, за да се намали трошокот за млеко, меѓутоа добил 22 јајца во инкубатор. Тоа го поттикнало да во својот стан направи фарма за јапонски препелици и за помалку од месец дена од Нова година заработил 300 рублји.

Љубовта кон животните пристигнала брзо после училишна екскуризја на една фарма недалеку од Калининград.

Емотивната приказна за Алик го обиколи светот, неговото семејство живее во еднособен стан за кој се уште се отплаќа хипотекарниот кредит, па со својата идеја Алик се надева дека еден ден ќе успее да го отплати станот и да води нормален живот со своето семејство.

Иако има само 9 години, со овој бизнис малиот Алик од нова година заработил 300 рублји.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *