9 месеци глумела пред момчето дека е бремена: Само што го убедила, се случило она кое не го очекувала

Таа создала план до најситни детали.

Џеклин Мекгоуен (26) од Шкотска се претворала полни 9 месеци дека е бремена за нејзиниот поранешен дечко Џејми Ејткен да се предомисли и во некој момент да се смири со неа.

Џеклин ја прекинала врската со Џејми во мај 2019 година, а веќе наредниот месец создала план, купувајќи во продавницата лажен стомак.

Третиот месец од почетокот на бременоста, Џеклин започнала да му исрпаќа порака на поранешното момче во кои го известувала дека е бремена и дека би било убаво, пред се поради идното дете, да се смират, пренесува Дејли Рекорд.

Бидејќи не реагирал на обидите да се смират, а претпоставува и дека така ќе биде, Џеклин од петиот месец започнала по градот да го носи лажниот стомак и одела на оние места на кои знаела дека ќе го види своето поранешно момче.

Пред случајната средба со Џејми, набавила и лажни извештаи од ултразвук, како и слики од скенер на кои се гледа нивното бебе.

Најдалеку што заминала е кога во петиот месец на бременоста, го контакриала семејството на Џејми за да ги извести дека е бремена, а се појавила и на работа кај неговиот роден брат, за кој знаела дека му се допаѓа од првиот ден.

Колку го разработила планот до најситни детали зборува и податокот дека и на социјалните мрежи се фалела со бременоста, се со цел Џејми еднаш да се смилува и да ја прими назад, бидејќи живееле заедно пред тоа. И сите и поверувале. Дури помалку и Џејми, иако сомнително си ја вртел главата пред семејството.

Тогаш направила една грешка, братот на Џејми ја видел два пати во рок од два дена во кафулето на другиот крај на градот како пие пијалок без лажниот стомак.

Не и се доближил, туку ја следел и очекувал да види што ќе се случи понатаму. Наскоро и се приближила другарка со кој Џеклин се смеела и забележал дека сето ова било само представа.

Џеклин на крајот, забележувајќи дека ништо не пали, ја повикала мајката на Џејми со потресни зборови дека аб.орти.рала, и дека Џејми, како татко на детето е должен да и исплати 350 евра за трошоци за престој во болница.

Таа не знаела дека братот на Џејми веќе ги известил дека Џеклин цело време глумела дека е бремена, па Џејми тргнал во контранапад. Побарал заедно да одат и да се видат со гинекологот кој ја водел бременоста, како и да види што се случило со аб.ор.тусот.

Џеклин капитулирала со своите лаги и после неколку минути притисок на поранешното момче била пријавена во полиција поради вознемирување на семејството и изнуда на пари.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *