Kopонавирусот пред Вухан се појавил во Америка: Во јануари откриено нешто за кое сите досега молчеле

Според најновото истражување, коpонавирусот бил присутен во Соединетите Американски Држави пред да се појават првите случаеви во кинескиот град Вухан, кој досега се сметал за извор на заразата.

Тоа е заклучено на основа на истражување на примероци од 7.389 донори собрани во девет американски држави во периодот од 13. декември до 17. јануари, од кои на 106 бил откриен коpонавирусот, пренесува Нешнал пост.

Примероците биле собрани од американскиот Црвен крст и биле предадени на Центарот за контрола и превенција на болести, за да се утврди присуството на вирус.

Како што се наведува, ова откритие би можеле повторно да го започне прашањето за потеклото на вирусот.

Според пишувањата на Вол Стрит Журнал, ова откритие укажува дека вирусот се ширел низ светот многу пред здравствените и научните работници да бидат свесни за тоа.

Истражувањето е објавено и во магазинот Клинички заразни болести, пишува Информер.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *